Работа од соништата: Парк во Флорида вработува сирени со полно работно време!

Време е да дадете отказ од вашата здодевна работа и да си ги исполните вашите детски фантазии! Државниот парк во градот Вики Вочи во Флорида вработува сирени со полно работно време кои би настапувале во подводен театар 2 пати дневно. Ваквите шанси не се појавуваат многу често, така што веројатно веќе сте почнале да го составувате вашето отказно писмо во глава. Но, пред да го испратите, треба да бидете свесни за неколку работи.

Работа од соништата: Парк во Флорида вработува сирени со полно работно време!

Не е толку лесно да се биде сирена колку што си мислите. Кога ќе прочитате низ какви ригорозни аудиции треба да поминат идните сирени, вашите надежи најверојатно ќе потонат на дното од океанот. Но, ако поседувате одлични пливачки вештини, можеби ова е идеалната професија за вас! Овој парк во централна Флорида почнал со работа во 1947 година и е познат по неговиот театар на сирени. Станува збор за подводен аудиториум со 400 седишта каде што публиката може да гледа како „сирените“ си играат во водите на реката во Вики Вочи.

Сирените изведуваат „подводни подвизи“ и адаптација на прекрасната приказна од Ханс Кристијан Андерсен „Малата сирена“. Има 17 сирени и 3 принцови кои моментално работат во паркот, но одговорните сакаат да се прошират. Иако работата на сирените од Вики Вочи изгледа лесно, станува збор за многу напорна активност.

Работа од соништата: Парк во Флорида вработува сирени со полно работно време!

„Не лесно да се прави тоа што тие го прават и многу девојки го дознаваат тоа за време на аудицијата“, изјавил Џон Етенсон, менаџер на односи со јавност во паркот.

И вие ќе се согласите со тоа, откако ќе дознаете од што се состојат аудициите. Во првиот круг, кој ќе започне на 13-ти јануари, сирените мора направат тест за издржливост и да испливаат 275 метри. Но, тоа не е сѐ! Сирените исто така мора да пливаат со и наспроти текот на речниот извор. Ако го поминат овој тест, тие мора да чекорат по вода 10-15 минути. Потоа, тие што ќе ги поминат првите 2 теста ќе одат понатаму и ќе имаат подводна аудиција со менаџерот на театарот. Во овој круг, ќе се увиди дали кандидатите можат да се превртуваат и да изведуваат разни балетски движења под вода. На крајот, сирените кои успешно ќе ја поминат и театарската аудиција, ќе имаат интервју со работодавците.

Работа од соништата: Парк во Флорида вработува сирени со полно работно време!

Инаку, акробациите не се единствената причина зошто работата на сирените е физички тешка. Температурата на водата во изворот изнесува околу 22 степени Целзиусови, што значи дека не е баш топла.

Доколку и понатаму сте заинтересирани да станете сирени, првата аудиција е закажана за 13-ти јануари во 16.30 часот. Почетната плата е 10 долари од час и мора да имате над 18 години и да можете да работите 4 дена неделно. Ако сепак сметате дека не ги поседувате потребните вештини за да станете сирени, не грижете се! Секогаш можете да се маскирате во Ариел за 1-ви април!

Во продолжение, погледнете како изгледа еден волшебен настап на сирените од Вики Вочи.

Доколку не се пронајдовте во оваа професија и не сакате да станете сирена, можеби ќе сакате да работите како гушкач на мачиња!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар