Работа од соништата: Гушкач на мачиња

Без разлика што работите сега, да бидете гушкач на мачиња со полно работно време сигурно е многу позабавно. Ова е работа од соништата на многу љубители на овие животни. Работното место се наоѓа во една ветеринарна клиника во Даблин.

(1)rabota-od-sonishtata-gushkach-na-machinja-kafepauza.mk

Според клиниката, сè што треба да поседувате за оваа работа е многу љубов кон мачињата. Оваа клиника е само за мачки и тие имаат потреба од некој што ќе им помага на нивните пациенти да се чувствуваат подобро. Според описот на работното место, идеалниот кандидат треба да има нежни раце, способни за долго галење. Исто така тој треба да знае како да разговара со мачињата и да ги смирува. Способноста да ги разликувате различните начини на предење се смета за предност.

(2)rabota-od-sonishtata-gushkach-na-machinja-kafepauza.mk

(3)rabota-od-sonishtata-gushkach-na-machinja-kafepauza.mk

(4)rabota-od-sonishtata-gushkach-na-machinja-kafepauza.mk

Ако сметате дека сте квалификувани за работното место, можете да се пријавите тука. Кој знае, можеби токму вие ќе бидете избраниот!

Погледнете ги и овие насмеани мачиња кои сигурно ќе ви го разубават денот!

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар