Психолошки тест: Со помош на овие 16 прашања откријте дали сте социопат

Психолозите најчесто ги опишуваат социопатите како личности кои немаат способност за емпатија. Тие исто така многу почесто ризикуваат од останатите, па токму затоа и оставаат впечаток на храбри личности. Неретко социопатите се водачи и го имаат главното место во друштвото.

Психолошки тест: Со помош на овие 16 прашања откријте дали сте социопат

Психолозите повеќе пати ја менувале дефиницијата за тоа што точно значи да се биде социопат, па токму затоа и ја одвоиле од терминот психопат. За да ја откријат оваа карактеристика, тие најчесто ги поставуваат следниве 16 прашања… Па, ајде, земете молив и пенкало и почнете искрено да одговарате на прашањата, а потоа споредете ги со одговорите на социопатите подолу…

1. Дали се трудите да делувате шармантно и интелигентно?

  • Социопатите најчесто одговараат позитивно на ова прашање.

2. Дали често си замислувате нешта и мислите ирационално?

  • Тие би рекле не, бидејќи најчесто се исклучително рационални.

3. Дали сте често силно нервозни?

  • Социопатите никогаш не се анксиозни, ниту пак нервозни. Тие ретко се плашат од што било.

4. Дали другите луѓе можат често да се потпрат на вас?

  • Нив не може да им се верува за поддршка.

5. Дали имате навика да лажете или да бидете неискрени?

  • Тие често измислуваат нешта и ги местат онака како што ним им одговара.

6. Дали се каете или срамите?

  • Социопатите ретко чувствуваат вакви емоции.

7. Дали често се однесувате асоцијално без особена причина?

  • Тие имаат обичај да се однесуваат асоцијално, но со намера.

8. Дали лошо ги проценувате нештата и не учите од претходните искуства?

  • Тие мислат дека се попаметни од другите, па затоа и често ризикуваат.

9. Дали сте патолошки егоцентрични и неспособни да ги сакате другите?

  • Социопатите секогаш се егоцентрични и неспособни да ги сакаат другите.

10. Дали често не умеете соодветно да реагирате на емотивно ниво?

  • Тие не можат да ги искажат своите емоции како останатите.

11. Дали умеете да продрете во суштината?

  • Тие не умеат да се анализираат самите и не се склони кон размислување.

12. Дали умеете да комуницирате со другите?

  • Интересното нешто е тоа што социопатите мора да ги лажираат своите реакции во комуникацијата со цел никој да не ја забележи нивната незаинтересираност за другите.

13. Дали сте „манијак“ за забави?

  • Тие обожаваат да лудуваат на журките покрај алкохол. Исто така и имаат секс за една вечер многу почесто од останатите.

14. Дали ви се случило лажно да се заканувате со самоубиство?

  • Да, социопатите се огромни кралеви на драмата.

15. Дали вашиот сексуален живот е тривијален и без емоции?

  • Тие не умеат да љубат.

16. Дали сте го згрешиле вашиот животен пат?

  • Тие исто така често не умеат ни да ја задржат својата работа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар