Првиот бутик „Версаче“ за деца

Автор: Александра Чакаровска

Светски познатиот интернационален италијански бренд „Версаче“, на чело со Донатела Версаче, неодамна го отвори првиот бутик „Версаче“ за деца. Тој се наоѓа во Милано, каде во дамнешната 1978 година беше отворен и првиот официјален бутик потпишан со ова име.Првиот бутик „Версаче“ за децаКреациите во бутикот се наменети за момчиња и девојчиња до 12 години, а тие ќе можат да се најдат и во многу други познати специјализирани бутици насекаде во светот. Дезените со леопард, бебешки шишиња украсени со Сваровски кристали, фустани со слики од бајките, се само некои од многуте дизајнирани предмети што можат да се најдат овде.Првиот бутик „Версаче“ за децаЕксклузивните парчиња облека, според Донатела Версаче, би требало да бидат задолжителни за оние деца кои сакаат да се издвојат од толпата и да имаат уникатен стил на облекување.Првиот бутик „Версаче“ за децаЕнтериерот на бутикот плени со својата детска, нежна и разиграна атмосфера. Виолетовата боја преовладува насекаде низ просторот, а џиновски лижавчиња го украсуваат излогот.Првиот бутик „Версаче“ за децаДоколку се наоѓате во Милано, можете барем накратко само да ги ѕирнете прекрасните мали ексклузивни парчиња, а можеби и да купите некое за да ги израдувате вашите деца или внуци. Локацијата на бутикот е Via Borgospesso 15/A.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Убаво дизајнирано, ама мислам дека неможам толку долго време да седам во еднобојна просторија х)

  2. biljana Reply

    definitivno posakav da kupam nesto za sin mi.

    pozdrav
    biljana i viktorce

Остави коментар