Прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ е од големо значење за здравјето на децата

Прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ е од големо значење за здравјето на децата

Прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ е едно од најголемиот клишеа што постојат на светот. Возрасните луѓе автоматски го поставуваат ова прашање кога се во присуство на деца и речиси воопшто не му придаваат значење на одговорот. Меѓутоа, одговорот може да открие многу работи за здравјето на децата.

Прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ е од големо значење за здравјето на децата

Едни неодамнешни истражувања ја откриле врската меѓу професионалните амбиции и здравјето на децата. Истражувачите испитале речиси 1.000 ученици од посиромашни семејство и им го поставиле прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Тие дознале дека одговорите можат да ги предвидат самодовербата, безнадежноста и здравјето на децата.

Учениците кои сакале да работат нешто за кое ќе им треба висок степен на образование имале повисока самодоверба, а понизок степен на безнадежност во споредба со учениците кои одбрале професија за која ќе им треба само диплома од средно училиште. Освен тоа, кај учениците со поголеми амбиции постоеле помали шанси за консумирање алкохол, психоактивни супстанции и впуштање во ризични сексуални активности. Групата деца без никакви професионални амбиции имале најниска самодоверба и највисок степен на безнадежност.

Нареден пат кога ќе бидете во друштво на деца и ќе им го поставите ова прашање, обрнете внимание на нивниот одговор. Можеби ќе откриете многу работи за нивното здравје и психичка состојба и ќе имате можност да им помогнете навреме доколку е потребно.

Дознајте и зошто кај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар