Поучна приказна: Мудрецот со триста лулиња

Еден човек, кој бил голем женкар и поради тоа добил закани од неговото семејство дека ќе биде исклучен од наследството ако не се оттргне од тој порок, отишол кај мудрец да побара совет.

Поучна приказна: Мудрецот и тристата лулиња

Кога стигнал до него, тој му се пожалил за својот проблем: „Мора да ми помогнете да се ослободам од својот порок! Кажете ми колку жени навистина му се потребни на човекот, за искрено да биде среќен?“

Зен учителот молчел неколку секунди, па рекол: „Јас сум колекционер на лулиња веќе 40 години. Колку лулиња гледаш во оваа соба?“

Човекот почнал да ја брои колекцијата, па кога завршил рекол дека таму има триста. На тоа мудрецот рекол: „Триста, а ќе бидат и уште многу повеќе. Тогаш, колку лулиња мислиш дека ќе му требаат на некој страстен колекционер како мене, за комплетно да биде задоволен?“

Човекот изненаден рекол: „Не знам, најверојатно многу!“

„Доволна е само едно“, рекол мудрецот.

„Но… Вие имате триста лулиња и велите дека ќе собирате уште. Тогаш како можете да тврдите дека е доволно само едно?“

„Да, имам триста, но каде е тоа едно?“

Поука: Не е важно колку имате, туку дали го имате она што е вистински вредно!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар