Порака од древните Абориџини: Сите ние сме посетители во ова време, на овој простор…

Можеме многу да научиме од древните народи. Без разлика дали станува збор за поуки или приказни, ако сме отворени за тој начин на размислување, можеме да извлечеме голема мудрост од нивното доживување на животот. Во продолжение прочитајте еден од најмоќните совети извлечени од записите на австралиските Абориџини. Без сомнение ќе се замислите!

Порака од древните Абориџини: Сите ние сме посетители во ова време, на овој простор...

Сите ние сме посетители во ова време, на овој простор. Ние само поминуваме од тука. Нашата цел е да набљудуваме, учиме, растеме, љубиме… и потоа да се вратиме дома.

Ние набљудуваме со очите, слушаме со ушите, вкусуваме со јазикот, допираме со кожата… Поради тоа го доживуваме светот ограничено, само преку нашето тело. Нашето искуство се создава во умот, а интелигенцијата расудува и интерпретира соодветно. Но, според законите на кармата, по смртта на ова физичко тело, настанува ново, исто така привремено. И тоа продолжува од живот во живот…

Ние како личности можеме да ја надминеме оваа ограниченост бидејќи сме трансцендентални по природа, како и вечни, безгранични, полни со знаење и среќа. Изворно сме создадени од чиста љубов. Поради илузорната моќ на материјалната енергија и силното влијание на лажното его за големината на душата и човечкото тело, не сме во можност да ја сфатиме нашата вистинска природа, па ги отфрламе овие идеи како детинести.

Но, токму оние што се како деца, што градат дворци од песок и кули од карти, одново и одново, сè додека не успеат се и најсреќни. Тие научиле како да набљудуваат, учат, растат и љубат… а потоа… и како да се вратат дома…


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар