Од каде доаѓаат добрите идеи?

Сите нас, повеќе или помалку, нè интересира од каде доаѓаат добрите идеи. Сакаме да сме покреативни, поиновативни, да ни паѓаат на памет подобри идеи. По долго истражување, Стивен Џонсон верува дека дошол до одговорот на тоа прашање. Тој верува дека постојат неколку шеми, кои постојано се повторуваат при создавање на необично иновативна околина пред да дојде до појава на добра идеја.

Од каде доаѓаат добрите идеи?

Една од тие шеми Џонсон ја нарекува бавно претчувство. Најголемите откритија досега настанале кога најмалку се очекувало, во ненадеен момент на инспирација. Најдобар пример е моментот „Еурека“ на Архимед. Голем број идеи остануваат долго скриени во вас, сè додека не се појави момент кога токму тие ќе ви бидат најкорисни во тој период од вашиот живот. Тоа се случува поради фактот дека добрите идеи најчесто настануваат поради судирот на неколку помали претчувства.

Понекогаш потребни се двајца за создавање на една целосна идеја. Почетокот на идејата се наоѓа во форма на претчувство кај една личност, додека пак крајот кај друга личност. Ненадејно започнат разговор на таа тема може инстантно да доведе до појава на една одлична нова идеја. Тоа добро го потврдува и познатата изрека „Со две глави подобро се мисли“.

Според Џонсон интернетот во денешно време има огромна улога во создавањето на добри идеи. Поврзаноста на луѓето низ целиот свет овозможува на најразлични начини да се зголеми иновативната околина и притоа полесно да се доаѓа до нови откритија.

Позајмувањето на претчувствата на другите луѓе може многу да ви помогне во формирање на една нова, уникатна и добра идеја која се криела во вас подолг период.

Погледнете го и ова видео во кое Стивен Џонсон на многу интересен начин објаснува од каде доаѓаат добрите идеи…




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар