Обемот на струкот кажува колку долго ќе живеете

Можете да го заборавите индексот на телесната маса, како и секојдневното качување на вагата, порачуваат научниците од бизнис училиштето Кас, откако ги прегледале здравствените податоци на над 300 илјади луѓе.

Mid adult woman measuring her waist

Имено, заклучокот од истражувањето е многу едноставен – доколку сакате да бидете здрави, вашиот струк треба да биде широк максимално колку половина од вашата висина.

Таквиот обем на струкот е одличен показател на здравствената состојба и ризикот од развој на кардиоваскуларни болести бидејќи токму висцералните масти кои се таложат на струкот се најопасни за развој на висок крвен притисок и го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Доколку струкот ви е поширок за 15 см од половина од висината, животот ви се скратува барем за 2 години, покажало истражувањето.

Доколку пак, струкот ви е поширок за половина метар во однос на половина од висината, ќе живеете 20 години пократко.

Затоа, согорете ги мастите во стомакот и заборавете на наталожените масти на бутовите и задникот, тие не претставуваат опасност по вашиот живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар