Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

Гените на човекот ја одредуваат бојата на косата, кожата и очите кога се раѓаме. Бојата на косата е детерминирана од меланоцитните клетки, кои го произведуваат и чуваат пигментот на косата и кожата. Бојата на косата ја одредуваат два вида пигменти: еумеланин и феомеланин. Колку повеќе имате еуменалински гени, толку и потемна коса ќе имате. Тоа значи дека, ако имате малку еумеланински гени ќе имате руса коса, а ако имате многу – црна коса.

Во зависност од процентуалната застапеност на секој од гените, луѓето имаат руса, кафена, црвена или црна коса. Бидејќи меланоцитните клетки умираат во текот на животниот век, вашата коса станува седа кога ќе остарете и уште побела кога ќе ја достигнете длабоката старост. Во продолжение прочитајте ги следниве ултраинтересни факти за вашата коса, кои не сте ги знаеле.

Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

1. Косата на жените расте многу побавно отколку косата на мажите.

2. Косата на мажите е многу погуста од косата на жените.

3. Косата расте побрзо кога времето е топло.

4. Потстрижувањето на косата никако не влијае на брзината на нејзиниот раст.

5. Животниот век на косата е 2-7 години. Во просек, животниот век на едно влакно е пет и пол години.

6. На еден просечен скалп има околу 100.000 влакна. Црвенокосите луѓе имаат околу 80.000 влакна, бринетите и црнокосите околу 100.000, а русокосите имаат најмногу влакна, односно 120.000.

Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

7. 90% од влакната на главата се во раст, а 10% одмораат.

8. Едно влакно е дебело 0,02-0,05 мм, што значи дека 20-50 влакна наредени едно до друго, формираат 1 милиметар.

9. Луѓето имаат најтенки влакна на телото од сите примати. Нашите влакна започнале да се тенчат уште пред многу векови, бидејќи со самото тоа што стоиме исправени на две нозе, само 1/3 од од нашето тело е постојано изложено на сонце. Влакната од косата пак, остануваат во голем број, бидејќи главата е постојано изложена на сонце. Процесот на растење на косата се нарекува андоген, а неактивниот – телоген. Околу 15-20% од вашата коса во моментов се наоѓа во фазата телоген.

10. Многу лекови можат да предизвикаат опаѓање на косата. Исто така, дебаланс на хормоните и ригорозни диети, можат да предизвикаат привремено опаѓање на косата.

11. Влакното е многу цврсто. Можете да искинете влакно само ако употребите сила од околу 60 кг, откако прво ќе го растегнете за 70%.

12. Едно влакно може да поднесе тежина од 100 грама, а целата коса на вашата глава може да издржи до неверојатни 12 тони тежина, што е еднакво на два африкански слонови.

13. Во Гинисовата книга на рекорди е запишана една жена од Индија, чија коса е долга повеќе од 4 метри.

14. Африканците и Европејците имаат поголема тенденција за ќелавење, отколку Азијците.

15. Чешлањето на косата е помалку штетно со чешел, отколку со четка.

Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

16. Доколку откинете едно влакно од вашата коса, ќе започне да расне ново од фоликулата на влакното.

17. Влакната на трепките паѓаат на секои 4-6 седмици. Тие ја имаат истата функција како мустаќите кај мачките: предупредуваат дека нешто (како на пример инсект) се приближува.

18. Трихотиломанија е импулс, потреба да се кубат влакна од сопствената коса. Некои луѓе дури и ги јадат влакната.

19. Честото миење на косата, не предизвикува нејзино ретчење.

Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

20. Првиот фен за коса бил всушност правосмукалка, која ја користеле за сушење коса.

21. Црвената коса претставува генетска мутација. Таа расте дури после 7 генерации на луѓе со темна коса.

22. Црвена коса имаат само 4% од луѓето во светот. Најголем дел од природните црвенокоси луѓе живеат во Шкотска (13%) и во Ирска (10%). Во САД, само 2% од луѓето се црвенокоси.

23. 1 инч од вашата коса, може да открие многу факти за вашето однесување. Преку анализирање на вашите влакна, научниците можат да разоткријат што сте јаделе и што сте пиеле во текот на последниот месец, како и во каква околина или регион сте живееле.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар