Науката открива: Мажите кои се женат со интелигентни жени живеат подолго

Интересно е да се размислува на темата како мажите ја замислуваат нивната идеална сопруга. Дали интелигенцијата е една од најпосакуваните карактерни особини? Според најновите истражувања, би требало да биде.

Науката открива: Мажите кои се женат со интелигентни жени живеат подолго

Не е никаква новост дека високата интелигенција е многу ценета карактерна особина. Новите истражувања покажале дека кога жената ја поседува оваа карактеристика, тоа може да го зголеми животниот век на нејзиниот партнер и да ја спречи појавата на деменција. Имено, било испитувано здравјето на еднојајчани близнаци и резултатите покажале дека околината има големо влијание на интелектуалните способности.

Истражувачите докажале дека мажите кои се венчаат со интелигентни жени живеат подолго и посреќно и многу поретко страдаат од болести како што се Алцхајмер или деменција. Добро познато е дека игрите кои го стимулираат интелектот ги спречуваат овие болести затоа што го стимулираат мозокот. Па така, логично е да се претпостави дека партнерот кој постојано го стимулира вашиот ум може да има позитивно влијание на вашите когнитивни способности. Изненадувачки е тоа што некои мажи кои биле во брак со високо интелигентни жени имале физички „слаби“ мозоци кога истите биле скенирани, но немале никакви симптоми на проблеми со психичкото здравје. Тие биле целосно самоуверени во однос на нивните психички способности и компетенции.

Науката открива: Мажите кои се женат со интелигентни жени живеат подолго

Лоренс Воли, професор по ментално здравје на колеџот за медицина и животни науки тврди дека ако мажите сакаат да живеат подолго, треба да се оженат со интелигентна жена.

„Нема подобра заштита за деменција од интелигенцијата“, изјавил тој.

Девојките кои се горди на нивната интелигенција стануваат поодговорни и понезависни. Момците кои ја делат оваа карактеристика воспоставуваат поздрави односи со жените и создаваат попријатна семејна атмосфера за нивните сопруги и деца. За жал, сѐ уште е присутна идејата дека женската убавина треба да се цени повеќе од интелигенцијата. Но, благодарение на ова истражување дознаваме дека мажите кои ја ценат интелигенцијата на нивната партнерка, имаат подобро физичко и психичко здравје. Тоа би можело да има позитивно влијание на целокупното општество.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар