Спас од напорните момци: 10-годишно девојче напишало листа со правила за однесување

Нареден пат кога некое момче упорно ќе флертува со вас и покрај тоа што вие очигледно не сте заинтересирани, дајте му копија од оваа листа на правила напишана од страна на ученичка од петто одделение за момчето кому му се допаѓа и не сака да ја остави на мира.

Спас од напорните момци: Петоодделенка напишала листа на правила за однесување за момчето кое било вљубено во неа

Листата прво стана вистински хит на Твитер, каде што била објавена од страна на Дени Џоунс, учителка по танц во Њујорк, која ја видела белешката благодарение на нејзината пријателка, учителка во петто одделение. Младата дама која ја напишала листата сакала да му достави писмено предупредување на заљубеното момче зошто треба да се повлече. Листата гласи вака:

Правила и регулации

1. Не ми го допирај рамото.

2. Не оди зад мене за да ме закачаш и да се будалиш (не оди зад мене воопшто).

3. Не ми зборувај освен ако не сакаш да ме поздравиш, што нема да се случи никогаш.

4. Престани да ме закачаш во автобус.

5. Имам тенки нерви за луѓе кои ми го уништуваат денот затоа што премногу се закачаат.

6. Прочитај го ова 500 пати.

7. Ти ме сакаш (како девојка), но јас не те сакам (како дечко). Премногу сум млада!

Ако прекршиш некое од овие правила ќе му се јавам на татко ми, пријателите на мајка ми, на мојата лажна мајка и на хигијаничарот (занемари го правописот) што го познавам!

Ако ми го уништиш денот ќе морам да одам на советување!

Престани да ме закачаш!

Спас од напорните момци: Петоодделенка напишала листа на правила за однесување за момчето кое било вљубено во неа

Мора да признаете дека оваа листа е совршена. Девојчево заслужува само пофалби со оглед на фактот што на таа возраст знае како да се ослободи од напорните додворувачи и сите девојки би можеле да научат нешто од неа.

Што се однесува до момците, дури и да не претерувате со додворување кога гледате дека некоја девојка не е заинтересирана, не би било лошо да ги примените овие правила во секојдневниот живот. Не ги закачајте девојките во автобус. Не почнувајте разговор освен ако не сакате да ги поздравите. Тоа се едноставните правила по кои треба да живеете!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар