Научниците откриле птица која може да лета речиси една година без прекин

Најновите истражувања спроведени од тимот при Универзитетот Лунд во Шведска откриле дека еден вид птица го надминала досегашниот рекорд на големите чиопа птици кои можеле да останат во лет шест месеци без да слетаат. Еве за кои птици станува збор.

Научниците откриле птица која може да лета речиси една година без прекин

Во списанието „Current Biology“ било објавено дека благодарение на развојот на минијатурните електронски обележја, истражувачите откриле дека птицата мала пиштарка е во состојба да помине дури 10 месеци во воздухот без да слета, што сега засега е рекорд. Имено, научниците долг период снимале дека тие се задржуваат подолго време во воздухот, но сега имаат и доказ, благодарение на технологијата која ги евидентира податоците и која е вградена во група од 13 птици. Нивните движења биле следени во период од две години. Според тимот од Универзитетот Лунд во Шведска, три птици не ја допреле земјата 10 месеци. Потоа се одморале два месеца со цел да уживаат во сезоната на парење, па потоа повторно се враќале во воздухот.

„Ова откритие ги преминува границите кои до сега сме ги знаеле за физиологијата на животните“, вели еден од научниците, Андрес Хеденструм. „10-месечната фаза на лет е најдолгата за која знаеме во светот на птиците, тоа е рекорд“, додава тој.

Малите и лесни направи за нагледување на крилјата на малите пиштарки може да евидентираат кога птиците биле во воздух, а кога не, колку брзо летаат и нивната моментална локација. Дури и птиците кои направиле краток одмор на земјата, останале во воздухот 99.5% од периодот на нивната миграција. Товарот на нивниот грб бил помал од 1 грам и имал светлосни сензори, со чијашто помош научниците можеле да откријат каде биле овие птици. Тимот исто така открил дека птиците кои останале високо речиси цела година, поминувале низ процес на митарење, добивале нови крилја и пердуви додека биле во лет.

Научниците откриле птица која може да лета речиси една година без прекин

Птиците кои слетале во еден момент не поминале низ процес на митарење, а научниците мислат дека тоа би можело да се објасни со разликите во летот како и нивната општа состојба. Малите пиштарки го надминале претходниот рекорд на летање кој го држеле нивните блиски родови, големите чиопи, кои пак се познати по тоа дека се способни да летаат шест месеци без прекин. Овие птици можеле да патуваат милиони километри во текот на нивниот животен век, кој во просек би било 5,5 години летање помеѓу Европа и Африка на годишно ниво.

Сега кога научниците откриле колку долго овие птици може да останат во воздухот, треба да се дознае и како тие успеваат да го направат тоа. Потребно е многу енергија за да останат таму и исто така проблем е како тие спијат, доколку воопшто им е потребен сон.

„Можеби работат како фрегати, спијат додека летаат“, објаснува Хеденструм. „Секој ден, од самрак до зори, малите пиштарки летаат до висина од околу 2-3 километри. Можеби спијат во текот на опаѓачкиот лет, но не сме сигурни“, вели тој.

Во продолжение погледнете го и видеото во кое научниците зборуваат за овие птици.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар