3-те хороскопски знаци за кои сезоната на Скорпија ќе биде најдобрата досега

3-те хороскопски знаци за кои сезоната на Скорпија ќе биде најдобрата досега

Тие имале долго и тешко патување додека стигнат до оваа точка, но сега конечно ќе излезат од сите проблеми и маки, и ќе сјаат посветло од кога било порано. За овие три хороскопски знаци, сезоната на Скорпијата ќе биде најдобрата досега и ќе можат конечно да ги остварат сите оние работи што си ги замислувале.

Рак: Ќе излезе од својата школка

Раковите имаа навистина турбулентен период, па конечно ќе можат малку да се опуштат. Тие отсекогаш ги охрабрувале другите да бидат нежни со себе, но време е да си го послушаат сопствениот совет. Од друга страна пак, Сонцето ќе им се придружи на Венера и Јупитер во нивната петта куќа на забавата, креативноста, страста и романса, па ќе имаат навистина забавни и незаборавни моменти во текот на оваа сезона.

Скорпија: Ѝ започнува соларна револуција

Роденденскиот период на Скорпиите ќе им донесе многу среќа. Јупитер го напушта нивниот знак на 8 ноември, но планетата на среќата нема да ги остави без ништо. Таа ќе им подари нешто на излегување, па затоа и треба да бидат подготвени и во исчекување. Од друга страна пак, Сонцето веќе некое време патува низ нивната дванаесетта куќа на завршетоците, па постојат големи шанси да се чувствувале летаргично, и како да не се од овој свет, што е сосема во ред. Но, кога Сонцето ќе влезе во нивната прва куќа на себството, и ќе започне соларната револуција, нештата целосно ќе се променат за нив!

Риби: Подготвени се за авантури

Ова беше долго и макотрпно патување за Рибите, но нештата конечно ќе се сменат за нив. Тие преживеаја навистина тежок период, научија неколку лекции и навистина пораснаа. Со оглед на тоа што Сонцето минува низ нивната деветта куќа на високото учење и личната филозофија, тие ќе бидат спремни за големи нешта. Можеби ќе тргнат на авантура или пак, ќе започнат со нешто сосема ново. Што и да одберат, тие без сомнение ќе бидат многу успешни! Целиот космос е на нивната страна.

Дознајте и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема љубов во текот на оваа зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар