Што е флекситаријанската диета и дали треба да ја пробате?

Секојдневно се појавуваат нови и необични диети и понекогаш е навистина тешко да ја одбереме онаа што е најдобра за нас и за нашето тело. Но, изгледа дека се појави еден нов тренд што може да биде навистина здрав за вас, додека истовремено и ќе ви помогне да изгубите по некое кило. Еве што сè треба да знаете за флекситаријанската диета.

Поимот флекситаријанска настанал со комбинација на два збора – флексибилно и вегетаријанска. Со други зборови, вие во поголемиот дел од времето го избегнувате месото, но повремено си го дозволувате во мали количини. Оваа диета била популаризирана од нутриционистката Дон Џексон Блатнер кога била издадена нејзината книга „Флекситаријанска диета“ во 2010 година. Како што нејзиното име кажува, таа е навистина флексибилна и ви дава многу можности.

Според Блатнер, вие сте почетник ако издржувате без месо два дена во неделата, додека пак, станувате напреден корисник кога не јадете месо три до четири дена во неделата и сте експерти кога сте „вегетаријанци“ пет или повеќе дена неделно.

Кои се придобивките на оваа диета? Според нутриционистот Келилин Фиерас, токму флексибилноста во оваа диета е причината поради која треба да ја одберете. Наместо постојано да бидете ограничени на одреден вид храна, вам ви е дозволено да ги користите и протеините од животинско потекло. Тоа секако е во мали количини, но сепак си носи своја низа придобивки.

Што се однесува до вегетаријанскиот дел од диетата, според истражувањата, оваа исхрана е поврзана со подобрување на општото здравје, намалување на тежината, намалување на ризикот од развивање срцеви заболувања, понизок крвен притисок, како и зголемување на животниот век. Звучи одлично, се согласувате?

Па, што всушност можете да јадете? На кратко, сè ви е дозволено. Само треба да имате на ум дека повеќето од оброците треба да ви бидат базирани на растенија, додека пак, останатите групи на храна треба да бидат сведени на минимум.

Дали е безбедна за вас? Дефинитивно! Таа е добра за вас најмногу затоа што инспирира разновидна храна, без исфрлање на ниту една група. Сепак треба да внимавате дали внесувате доволно протеини и железо, исто како и со секоја друга диета.

Дознајте и кои се 5-те најздрави смудиња што сите нутриционисти ги препорачуваат за појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар