5-те најздрави смудиња што сите нутриционисти ги препорачуваат за појадок

Веќе некое време сакате да почнете со поздрава исхрана, но некако не успевате да се мотивирате? Откако ќе ги пробате овие вкусни, но полни со здравје смудиња, веќе никогаш повторно нема да посакате да посегнете по брзата храна, особено не за време на појадокот – најважниот оброк во денот. Сè што треба да направите е да ги ставите сите состојки во блендер и да матите додека не добиете хомогена смеса. Вашиот појадок ќе биде готов за помалку од 5 минути.

1. Смуди со спанаќ и кељ

  • 30 грама спанаќ
  • 30 грама кељ
  • 1/2 банана
  • 1 шака бадеми
  • 3-5 сирови бразилски ореви
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1-2 супени лажици какао во прав
  • 200 милилитри полномасно кокосово млеко

2. Смуди со манго и моркови

  • 1 манго со средна големина, излупено и исечкано
  • 60 грама изрендани моркови
  • 1/2 кафена лажичка цимет
  • 120 милилитри кокосова вода
  • 60 милилитри вода

3. Смуди со кељ и банана

  • 240 милилитри незасладено бадемово млеко со ванила
  • 1 зрела банана
  • 30 грама исечкан кељ
  • 60 милилитри вода

4. Смуди со овошје и чоколадо

  • 60 грама исечкана сирова репка
  • 1 банана
  • 120 милилитри кокосова вода
  • 60 милилитри вода
  • 1 кафена лажичка незасладено какао во прав

5. Смуди со малини и бадеми

  • 120 милилитри бадемово млеко
  • 120 грама грчки јогурт
  • 60 грама свежи (или замрзнати) малини
  • 1/8 кафена лажичка екстракт од бадеми
  • 1 супена лажица мед

Ако сте љубители на смуди, тогаш пробајте ги и овие совршени рецепти за хранлив појадок.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар