5 одлични дестинации за летање со балон

5 одлични дестинации за летање со балон

Кога мислиме на шарени балони на небото, веднаш помислуваме на Кападокија. Но, постојат и други дестинации каде што можете да уживате во спектакуларен поглед од балон.

Серенгети, Танзанија

5 одлични дестинации за летање со балон

Од балоните што летаат над националниот парк Серенгети, можете да уживате во глетка достојна за Кралот Лав. Лавови, зебри, слонови, жирафи, нилски коњи – сè е под вас, а вие уживате како да сте на урбано сафари, само во облаци.

Сосусвлеи, Намибија

5 одлични дестинации за летање со балон

Летањето со балон над песочните дини со огнени бои е искуство што ќе го паметите до крајот на животот. Летањето може да го вклучува и преминувањето на најголемата и најстарата дина во светот, Дина 7, која се издигнува до 383 метри во височина.

Албакерки, Мексико

5 одлични дестинации за летање со балон

Овој град е опкружен од прекрасни пејзажи, а секој октомври имате можност да го доживеете тоа од воздух. Имено, тогаш се одржува фестивал на балони и стотици балони летаат во водухот.

Баган, Мјанмар

5 одлични дестинации за летање со балон

Кога балоните летаат над куп храмови чии силуети изгледаат како балони превртени наопаку, добивате совршена панорама. Дури и боите се надополнуваат – зеленилото на дождовната шума, бојата од тули на храмовите, црвените балони и зајдисонцето.

Седона, Аризона

5 одлични дестинации за летање со балон

Тешко е да ги опфатите со поглед моќните карпи на Аризона кога сте цврсто на земја. За среќа, и овде постои можност за лет со балон кој ќе ви даде незаборавен погледи и сосема поинаква перспектива.

Погледнете ги овие фотографии од магичната Кападокија во Турција што ќе ве остават без здив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар