Насмевки од целиот свет

Насмевки од целиот свет

Насмевката е универзалниот јазик на љубезноста“. – Вилијам Артур Ворд

Насмевни му се на светот“ (Smile to the World) е многу едноставен и прекрасен видео проект кој ги собира насмевките од целиот свет во еден краток седумминутен филм. Тој е дело на продукцискиот тим „Седумте величествени“ (Magnificent 7), којшто собрал 55 филмаџии од 31 земја, сите заедно снимиле насмевки од по еден маж и една жена од секоја земја, а потоа макотрпно ги спојувале во еден филм цели четири месеци.

Насмевки од целиот свет

И покрај својата едноставност „Насмевни му се на светот“ е полн со некаква пригушена енергија која се чувствува со излегувањето на секоја нова насмевка на екранот. Изгледајте го и обидете се да не се насмеете ако можете, покрај толку многу заразни насмевки. Потоа, сликајте се и пратете им ја вашата слика додека се смеете, затоа што тие сè уште собираат насмевки од целиот свет и ќе ја објават на нивната веб страница.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар