Направи сама: Топла, тренди и шик плетена лента за коса од стар џемпер

Дојде зима, што значи дека ги пронајдовме нашите капи, шалови и ракавици. Овие модни додатоци ќе нè заштитат од студот, но воедно ќе го разубават и нашиот моден стил. Ако сте личност која не сака капи, сигурни сме дека наместо нив носите штитеници за уши или волнени ленти, бидејќи нешто мора да ја штити вашата глава и уши од температурите под нулата и студениот ветар. Па, ако сакате нова лента за коса, а имате стар џемпер со кој не знаете што да направите, тогаш имаме сјаен предлог за вас! Направете го сами овој симпатичен моден додаток за коса со голема панделка, која го прави оригинален и уникатен.

1-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

1. Исечете две дупли ленти од џемперот со должина која одговара на обемот на вашата глава и ширина од околу 10 сантиметри.

2-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

2. Краевите не лентите спојте ги и зашијте ги.

3-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

3. Истото направете го со другата лента. Едната лента ќе ве заштитува од студот, додека од другата ќе направите шик панделка.

4-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

4. Притиснете ја лентата на средина. Спојте ја лентата од горната и долната страна за да ги формирате „ушите“ на панделката.

5-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

5. Помалото парче од џемперот замотајте го околу средината и на задната страна зашијте го.

6-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

6. Вашата панделка е готова!

7-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

8-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

7. Остана уште да ја зашиете на лентата и тоа е тоа. Едноставно, лесно и во тренд!

9-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_

Сигурни сме дека ќе го направите овој моден додаток. Бидете поразлични оваа зима!

10-napravi-sama-topla-trendi-i-shik-pletena-lenta-za-kosa-od-star-dzhemper-www.kafepauza.mk_


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар