12 секојдневни битки со кои се соочуваат само несмасните девојките

Можеме слободно да ги поделиме девојките на 2 групи: Оние кои грациозно се движат низ просторот и оние кои… Па, исто толку грациозно паѓаат во него. Доколку и вие сте познати по својата несмасност, тогаш без сомнение ќе се пронајдете во дел или пак, во сите овие точки. Можеби нешто би сакале и да додадете?

12 секојдневни битки со кои се соочуваат само несмасните девојките

1. Немате идеја од што ви се појавуваат модринките

Кога станува збор за модринки, секој ден за вас е мини изненадување. Додека се туширате, постојано откривате мистериозна нова точка на вашето тело каде што настанала модринка, без воопшто да знаете како таа се нашла таму. Ова е едно од оние нешта кои можеби никогаш нема да ги дознаете…

2. Скалите се вашиот најголем непријател

Да, вие се држите за ѕидот или оградата покрај скалите како од тоа да ви зависи животот бидејќи знаете точно што ќе се случи ако не го направите тоа. Вие имате дарба да се сопнете дури и кога се качувате нагоре по скалите, додека се движите побавно и од полжав.

3. Не сте биле атлетски градени како деца

Спортот никогаш не бил вашата силна страна. Или што било друго каде што е потребна добра координација помеѓу рацете и очите. Сите ваши обиди за спортување кои вклучувале топка, најчесто завршувале со болна модрица или силна главоболка.

4. Вашиот ПМС станува неподнослив

Ниту една девојка не е среќна кога ќе ѝ дојде тој период од месецот (освен ако не се плаши дека е бремена, во тој случај може да има и голема прослава). Но, како додаток на редовните непријатности и грчеви, вие станувате уште понесмасни. Како да не можете да ја одржите рамнотежата додека стоите на вашите сопствени нозе.

5. Се плашите да држите нечие бебе во своите раце

Бидејќи знаете дека не можете да го замените бебето доколку ви падне, како што имате навика да ги заменувате сите оние нешта кои се лизгаат низ вашите дланките и слетуваат на подот – во илјадници мали парчиња.

6. Нерамниот тротоар има моќ да ви го уништи денот

Како е можно никој досега да не забележал дека тротоарот е нерамен во овој дел? Зарем само вие сте се сопнале од него? Или пак, можеби некој се обидува да ве убие?

7. Високи потпетици, не!

Постојат жени кои грациозно и без труд се движат низ просторот во своите прекрасни високи потпетици. Но, вие никогаш нема да бидете една од нив. Но, тоа е сосема во ред бидејќи вие знаете како најдобро да ги комбинирате вашите рамни чевли.

8. Не можете да носите бело

Бидејќи ако постои можност да истурите нешто на вашата светла облека, верувајте, тоа и ќе се случи. Често велите и дека не е ваша вина, туку дека гравитацијата едноставно сака да си игра со вас. Можеби има вистина во ова.

9. Паѓате дури и на прав пат

Искрено, како успевате да се сопнете дури и кога нема од што да се сопнете? За да го изведете тоа потребна е голема способност и дарба. Браво за вас.

10. Не мора да допрете нешто за тоа да се скрши

Доволно е само да поминете на неколку сантиметри (понекогаш се во прашање и метри) од стаклена чаша или вазна и некоја невидлива сила која се наоѓа околу вас ги турка на подот, обвинувајќи ве вам за бељата. Едноставно неверојатно.

11. Го удирате вашиот партнер кога се обидувате да бидете секси

Вашите обиди за заведување најчесто се целосно згушени од вашата природна несмасност. Вие треба да носите предупредување на вас, кое гласи: „ВНИМАНИЕ! Врската со оваа личност неизбежно води кон ненадејна повреда.“

12. Понекогаш фантазирате да станете балерина или професионална танчарка

И потоа се удирате во врата. Токму тогаш знаете и дека треба да се откажете од тој сон.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар