Најевтиниот автомобил во светот доби своја позлатена верзија

Кога во 2008 година, Ратан Тата, сопственикот и претседател на „Тата Моторс“ од Индија, прогласи дека ќе почне да го произведува најевтиниот автомобил во светот, неговата изјава стана вест број еден во светските медиуми.Најевтиниот автомобил во светот доби своја позлатена верзијаТри години подоцна, автомобилот „Нано“ доживува дебакл, а неговата продажба оди во надолна линија. Па така компанијата реши, преку зголемување на неговиот публицитет, да го врати автомобилот повторно во центарот на вниманието. Така тие ја создадоа неговата позлатена верзија.Најевтиниот автомобил во светот доби своја позлатена верзијаНовиот модел е позлатена верзија од веќе постоечкиот „Нано“ која чини 4,6 милиони американски долари и е наречена „Goldplus“. За споредба, обичниот „Нано“ чини 2.500 американски долари. За изработката на „Goldplus“ биле потрошени 80 килограми злато, 15 килограми сребро и повеќе скапоцени камења.Најевтиниот автомобил во светот доби своја позлатена верзијаОвој модел компанијата ќе го презентира низ повеќе авто куќи во Индија во наредниве 6 месеци, со цел да ги привлекува купувачите.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Filip Reply

    Pa kaj nas ima milion koli poevtini od ova.. xD

Остави коментар