Малку поинаков одмор

Малку поинаков одмор

Времето за одмор е драгоцено. Затоа заборавете на многубројните туристички замки и поминете го одморот на места кои никогаш не би ви текнало да ги посетите…

Малку поинаков одмор

Хималаите, Тибет и Непал

Патувањето во Непал и Тибет може да биде напорно заради надморската височина, невообичаената храна и лошиот пат. Но ова патување истовремено ќе ви понуди древна култура и спектакуларен пејзаж, кои се загрозени од страна на политичките конфликти и немилосрдниот притисок на модерното време.

Рутата води преку високи планински премини и длабоки клисури, од античкиот град Ласа во Тибет до базниот камп на Монт Еверест и понатаму до Катманду, Непал. По патот може да се посетат палати, манастири и храмови, вклучувајќи го и комплексот што некогаш беше дом на Далај Лама.

Малку поинаков одмор

Костарика

Ако имате вишок енергија и сте зависник од адреналин, Костарика нуди места за активности кои го зголемуваат адреналинот, како што е возењето велосипед по стрмни и тесни патеки, спуштање со јаже преку река или рафтинг длабоко во џунглите. Доколку ви здодеат ваквите активности, може да се релаксирате на песочните плажи покрај бистрата вода на Карибите.

Малку поинаков одмор

Големите Атласи, Мароко

Возењето велосипед по сувите речни корита и патеките од чакал е вистински предизвик за љубителите на велосипедизмот. Патеката поминува низ планините познати како Големи Атласи и Анти Атлас. Пејзажот е разновиден, од древни берберски села до бујни оази.

Острите планини и длабоките клисури ќе го направат искачувањето долго и тешко, а симнувањето брзо и лесно. Доколку сакате оваа авантура да ја доживеете за осум дена, ќе треба да поминувате во просек по 28 милји дневно.

Малку поинаков одмор

Килиманџаро, Танзанија

Африканската планина Килиманџаро е висока 5.895 метри со што претставува највисока планина на континентот. И покрај оваа висина, Килиманџаро нуди спектакуларен поглед и од места кои се не само пониски, туку и полесни за искачување.

Доколку тргнете кон врвот рано наутро, веќе во попладневните часови ќе успеете да го освоите. Ова е така затоа што, за разлика од Алпите и Хималаите, Килиманџаро е опкружен со рамно земјиште што овозможува и прекрасен поглед.

Малку поинаков одмор

Кикладите, Грција

Кикладите се одлична дестинација за одмор за сите кои уживаат во пливањето. Местоположбата на овие острови ќе ви овозможи да пливате од еден до друг остров покрај чамците за безбедност. Поискусните пливачи може да ги истражуваат подводните карпи и камените плажи, додека оние кои го преферираат копното може да ги истражуваат древните села.

Малку поинаков одмор

Западна Словенија

Идеално место за одмор за страсните риболовци е западниот дел на Словенија. Кристалните реки и потоци кои се создаваат со топење на снегот од Алпите, се дом на различни видови риби, како што се Дунавскиот лосос, кафеавата и мермерната пастрмка. Ако се одлучите за западна Словенија, задолжително посетете го градот Медводе (чие име значи „меѓу водите“), кој се наоѓа меѓу реките Сава и Сора.

Малку поинаков одмор

Патагонија, Аргентина

Патагонија се смета за едно од идеално студените дестинации кои нудат природна убавина, див свет и бескраен простор. Турата започнува со едно урбано искуство – возење велосипед или пешачење од Буенос Аирес. Јужно од Буенос Аирес е предвидена посета на Националниот парк. Патагонија изобилува со мраз, глечери, борови шуми, тревни рамнини и див свет за кој е специфична патагониската лама.

Малку поинаков одмор

Монголија

Веќе илјадници години коњите имаат централно значење за културата на номадски народи во Монголија. Со помош на монголското пони може да ја посетите татковината на древното племе Tsaatan, каде што ќе искусите шамански ритуали, јавање и молзење ирваси и спиење во шатори.

Исклучок за туристите има само во однос на седлата за јавање. Секој посетител има право да одбере руско фино изработено седло од кожа, наместо традиционалното дрвено седло.

Малку поинаков одмор

Антарктик

Британскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон и двајца членови на неговиот екипаж влегоа во историјата во 1916 година, кога го преминале Антарктикот и стигнале до Јужна Грузија, барајќи помош за спасување на 22 членови од Транс-антарктичката експедиција, кои биле целосно беспомошни кога нивниот брод бил уништен од санта мраз.

Почнувајќи од 2010 година, секоја година се реализира тура на Антарктикот, во вид на експедиција, составена од 12 ски-истражувачи кои го следат патот на Шеклтон, поминувајќи 20-километарски опасен, покриен со снег и стрмен терен.

Малку поинаков одмор

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар