Пешачењето околу 4.000 чекори дневно може да го намали ризикот од смрт од која било причина!

Пешачењето околу 4.000 чекори дневно може да го намали ризикот од смрт од која било причина!

Колку повеќе пешачите, толку се поголеми здравствените придобивки, па според најновата анализа, 4.000 чекори дневно се доволни за да го намалат ризикот од смрт од која било причина.

Пешачењето околу 4.000 чекори дневно може да го намали ризикот од смрт од која било причина!

На сите нам веќе ни е добро познат фактот дека седентарниот начин на живот може да го влоши здравјето, но до сега не беше јасно која е минималната граница на пешачење кон која треба да се стремат луѓето.

Истражувачите предводени од Банах, професор по кардиологија на Медицинскиот универзитет во Лоѓ, Полска, дошле до заклучок дека пешачењето најмалку 3.967 чекори дневно може да го намали ризикот од смрт од која било причина, додека 2.337 чекори дневно го намалуваат ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести.

„Нашата студија потврдува дека колку повеќе пешачите толку подобро за вас. Откривме дека ова се однесува и на мажите и на жените без разлика на возраста и без разлика дали живеете во умерена, суптропска, супполарна или мешана клима“, рече Банах.

За помладите возрасни групи, најголеми резултати во однос на подобрувањето на здравјето било забележано кај поединци кои пешачеле помеѓу 7.000 и 13.000 чекори дневно, додека за оние на возраст од 60 години и повеќе тоа било помеѓу 6.000 и 10.000 чекори.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар