4 токсични навики кои можеби не сте ни свесни дека ги имате!

4 токсични навики кои можеби не сте ни свесни дека ги имате!

Често ни се чини дека нема за што да се обвинуваме себе, но ако погледнеме малку подлабоко во нас самите, ќе разбереме дека има работи што треба да се подобрат, а некои и да се отфрлат. Ова се најчестите токсични навики кои многумина од нас ги имаат и можат да им наштетат не само на другите туку и на нас самите. Проверете дали ги забележувате овие 5 токсични навики кај себе:

4 токсични навики кои можеби не сте ни свесни дека ги имате!

1. Постојано се жалите

Се разбира, тешко е секогаш да ја задржите насмевката и да се преправате дека нема за што да се грижите кога деновите се мрачни. Понекогаш е дури и корисно да ги споделите своите грижи со пријателите, но ако на секоја средба со саканите манифестирате нешто негативно мала е веројатноста дека ќе ја добиете посакуваната поддршка од нив. Барајте решенија, споделете ја вашата приказна, но бидете подготвени да ги слушате и другите.

2. Не знаете како да се извините

Некои луѓе се толку сигурни дека се во право што во ситуација кога објективно грешат, претпочитаат да ја прекинат комуникацијата со личноста наместо само да се извинат и да признаат дека згрешиле.

3. Толерирате несоодветно однесување

Ова не се однесува само на љубовната врска туку на секој вид комуникација. Психолозите се сигурни дека една од најстрашните навики кои лошо влијаат врз менталната благосостојба е навиката за издржливост. Никој нема да ви се заблагодари ако му дозволите да ги пречекори вашите граници. Ќе си создадете само дополнителни психолошки проблеми. Важно е да разберете дека мора да се откажете од секоја врска што ви носи фрустрација.

4. Луѓето не можат да се потпрат на вас

Веројатно една од најнепријатните навики, особено за вашите пријатели. Може да биде и фрустрирачка ако вашата работа вклучува комуникација со голем број луѓе и главната причина поради која можете да изгубите не само лични туку и важни професионални контакти.

Откако прочитавте за овие токсични навики, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 навики ве спречуваат да постигнете успех во животот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар