Љубовта е слепа…

Насмејте се на сметка на љубовта. :)

Љубовта е слепа...

„Не бакнувајте се пред влезната врата, бидејќи љубовта е слепа, но не и соседите.“ – мексиканска поговорка

„Љубовта е слепа, но бракот ѝ го враќа видот.“ – Полин Томасон

„Ако љубовта е слепа, зошто тогаш долната облека е толку многу популарнa?“ – непознат автор

„Љубовта е слепа, затоа ѝ е толку изострено сетилото за допир.“ – Џејн Менсфилд

„Љубовта е слепа, а бракот институција за слепи.“ – Џејмс Греам

„Љубовта е слепа, а пријателството… тоа само ги затвора очите.“ – Фридрих Ниче

„Додека љубовта е слепа, нема причина за развод.“ – Лец

„Љубовта е слепа, но очигледно може да го пронајде својот пат и во темница.“ – непознат автор

„Љубовта е слепа, но затоа малерот има изострен вид.“ – непознат автор

„Љубовта е слепа, затоа љубовниците не можат да ги видат јадните будалаштини што ги прават.“ – Вилијам Шекспир


За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар