Колку би платиле за совршено запросување?

Во денешно време сè повеќе се става акцент на чинот на запросување и тој совршен романтичен предлог за заеднички живот и безрезервна љубов. Неретко луѓето се одлучуваат за јавно запросување со цел тој момент да остане засекогаш врежан во сеќавањата и запаметен како еден од најубавите моменти во животот. Без разлика дали е јавно или не, многумина се подготвени да платат многу за да го направат запросувањето совршено. Сара Пис решила да го искористи тоа, па за кратко време станала позната како планер за запросување.Колку би платиле за совршено запросување?Сè започнало во 2008 година, кога Сара слушнала како некој дечко ја запросил својата девојка ставајќи го прстенот во кутија со пилешко месо. Сара помислила на сите начини на кои можел тоа подобро да го изведе, па наскоро почнала да дава идеи и во нејзината работа како планер на важни настани, го додала планирањето на запросувања. Кога веќе луѓето се подготвени да платат, таа им нуди оригинални идеи и гарантира дека запросувањето ќе се одвива совршено и без грешки.

Сара верува дека тој чин мора да биде запаметен и дека треба да имате добра приказна која ќе им ја раскажувате на внуците. Таа е уверена дека многумина трошат многу пари на запросување, но не внесуваат оригиналност и не го прават моментот навистина посебен. Токму поради тоа Сара тврди дека наскоро планерите на запросувања ќе станат вистински тренд, но и потреба, исто како планерите на свадби. Досега Сара имала околу 100 клиенти, а ова се дел од нејзините највпечатливи запросувања.Колку би платиле за совршено запросување?Еден нејзин клиент се одлучил да ја запроси својата девојка во апартман во Менхетен со панорамска глетка на градот, додека малиот оркестар и хорот ја свиреле нивната омилена песна. Друг пак, цел ден ѝ испраќал на својата девојка подароци со тематика на „Малиот принц“, за на крајот со помош на испратените подароци да ја одведе до нејзиното омилено место, њујоршката библиотека, каде клекнал на колена и ја побарал за жена.

Имало случка кога еден од клиентите успеал да ја убеди неговата девојка дека ќе учествува во некое ново реално шоу, бидејќи сакал да има снимка од сè што се случувало преку целиот ден. Настанот се одвивал на брод, каде Сара организирала цела група на лажни работници, како лажни келнери или масери. Кога дошло време за големиот момент, 25 луѓе излегле пред девојката со голем натпис за предлог за брак, а нејзиниот дечко облечен во костум пристигнал до бродот со помош на чамец. Девојката не се разочарала откривајќи дека нема да биде телевизиска ѕвезда на реално шоу, напротив, нејзината реакција била „Па веќе крајно време беше“.

Но, не секогаш сè се одвивало сјајно. Кога бил испланиран флеш моб настап на покрив на објект, човек кој работел како чувар и кој наводно ја мразел љубовта, пробал да го растури настапот. За среќа Сара успеала да го спречи така што буквално му застанала на патот додека се качувал нагоре по скалите.

Кога еден од клиентите посакал да ја запроси девојката во заедничкиот стан, станот бил украсен со орхидеи специјално порачани од Тајланд. Но, проблемот бил во тоа што девојката работела блиску до нивниот стан и често се враќала дома на паузата за ручек. Со цел да го спречи нејзиното враќање, Сара испратила лажни известувања дека во станот се врши дезинсекција. Но девојката решила сепак да дојде дома, и токму кога Сара помислила дека изненадувањето нема да биде успешно, чуварот на зградата влетал на помош, попречувајќи ѝ го патот на девојката и не дозволувајќи ѝ да влезе во станот, на што по долга расправија девојката се согласила.Колку би платиле за совршено запросување?Колку би платиле за совршено запросување?Она што започнало како обично давање совети, наскоро се претворило во вистински бизнис. Услугите на Сара почнуваат од 500 долари, а цената се покачува зависно од тоа колку запросувањето ќе биде луксузно или комплицирано. Некои од нејзините клиенти платиле дури 50.000 долари за совршено запросување. А колку би платиле вие?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Михаела Reply

    немора запросувањето да биде скапо и луксузно за да биде убаво и запаметено.. баш напротив, мислав дека интимните моменти се поубави за паметење.. сепак, еве едно видео кое што многу ми се допадна како дечково му текнало да ја запроси својата девојка. мислам дека е многу убав и уникатен начин http://www.youtube.com/watch?v=KkptQOPEWSg&feature=youtu.be&t=2m50s

Остави коментар