Која планета ве привлекува најмногу? Одговорот ја открива вашата универзална енергија - Part 3

Која планета ве привлекува најмногу? Одговорот ја открива вашата универзална енергија

4. Нептун

Ова е најтаинствената планета во Сончевиот систем, поврзана со умот, телото, духот и минатото, сегашноста и иднината. Ако ја одбравте оваа планета, тогаш сте личност со високо интуитивни моќи, спиритуални и просветлени. Нептун е поврзан и со магијата, соништата, психологијата и скриените емоции.

Понекогаш за себе сметате дека сте чудни и дека не припаѓате на оваа планета. Се трудите да изгледате нормално во рамки на општествените очекувања, но вашите мисли, емоции и интереси ги изненадуваат дури и вашите најблиски. Вие сте овде за да ги водите другите со своите зборови, мисли и дела. Прифатете ја вашата различност, ќе дојде период кога ќе засјаете.

Може да им послужите како инспирација на другите, бидејќи поседувате широки знаења. Вашата душа ги осветлува вашите, но и патиштата на луѓето околу вас.

5. Сатурн

Ова е планета на напредувањето. Ако ја одбравте планетата Сатурн, за вас може да се каже дека сте лепило кое ги спојува сите останати нешта заедно. Вашата душа емитира ублажувачка енергија, која е клучна за вас како добар тимски играч. Им дозволувате на другите, па дури и барате од нив, да бидат најдобри, а со тоа ја исполнувате и својата судбина.

Имате изразено несебичен карактер, но и покрај тоа, луѓето се плашат да го злоупотребат. Ако некој во вашиот живот се покаже како лажен, без да размислувате ќе го „оддувате“. Ваквата енергија доаѓа од ветровите на Сатурн кои може да достигнат брзини до 1.800 километри на час.

Понекогаш имате проблеми со самодовербата, но во подоцнежните години од животот ќе сфатите дека има многу прилики кои ќе ви помогнат да го надминете ова. Тој процес ќе биде лесен, затоа што сте храбри и талентирани. Треба само да го искористите тоа што го поседувате.

6. Венера

Ова е најсветлата планета, планетата на љубовта, на добрите односи, на меѓусебната поддршка. Венера е планета на плодноста и животот. Ако ја одбравте, значи дека сте полни со грижа и разбирање кон оние кои ги сметате за сродни души. Никогаш не ви недостигаат креативни идеи и поради тоа лесно можете да се пронајдете во пишувањето, уметноста, дизајнот или готвењето.

Венера е планета и на сочувството, па може да се случи да имате долгорочен ангажман во здруженија за помош и хуманитарна работа. Ако веќе сте вклучени во ваква акција, тогаш ја живеете смислата на вашата душа.

Сакате да откриете повеќе за вашата личност? Направете го и овој Тибетски тест. Пред да почнете да го решавате замислете си желба. Многумина тврдат дека потоа навистина им се остварила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар