Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании? - Part 2

Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

Најк

Знаеме дека Најк се труди да ги експлоатира работниците во своите фабрики најмногу што може за најмала плата што може да се понуди. Во САД немаат ниту една фабрика, таму им се само просториите на менаџментот, а тој е единствениот кој ужива некакви привилегии. Тука спаѓаат атлетски патеки и сауни, па и деветдневен тренинг камп по кој можат да си го истетовираат логото на Најк на својот лакт.

Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

Дизни

Дизни сака вработените да ги внесе во магијата која ја продава, па затоа им дава можност за бесплатна посета на своите забавни паркови, каде што можат да добијат и одредени производи од компанијата. Производите не се бесплатни, туку им ги продаваат со попуст.

Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

Кембелс

Производителот на супи Кембелс има програма со која значително отскокнува од другите на оваа листа. Таа на вработените им овозможува целосно здравствено осигурување за нив и целото семејство, има служба која им ги чува децата додека родителите работат, имаат советници кои им помагаат во изборот и организирањето на слободните активности, а и советници за разни други прашања вклучувајќи психолошки и правни совети.

Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

Делојт

И Делојт ги чува децата на вработените, и тоа ги набљудува со камери додека се згрижени кај нив.

Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

Јелп

Единствената дополнителна привилегија на Јелп е барот каде што може да се купи пиво. Се разбира, пиењето е дозволено само во барот, не и надвор од него.

Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар