Како звучел машкиот Неандерталец?

Во 2005 година се појави документарецот Неандерталец – Преродбата (Neanderthal – The Rebirth), кој детално ги опишува однесувањето и движењето на Неандерталците според нивните пронајдени коски. Денес историчарите знаат многу повеќе за нашите древни „братучеди“, вклучувајќи го и тоа дека модерните луѓе и Неандерталците се размножувале меѓусебно дури и порано отколку што се мислело (околу пред 47.000 – 65.000 години).

Scientifically accurate Neanderthal model by Kennis & Kennis

Денес постои и реконструкција на гласот на машкиот Неандерталец, направена од Петси Роденбург. Таа користела модел на вокален тракт на машки Неандерталец. Целата нивна анатомија веројатно играла улога во она што може да биде опишано како „чуден“ звук кој е рекреиран во видеото.

Друга интересна работа е тоа што покрај нивниот глас, Неандерталците кријат и друго изненадување. На пример, во 2016 година бил откриен пар од мистериозни камени прстени во пештера во Франција. Структурата на камењата кои се претпоставува дека се стари околу 176.000 години, укажува на навистина дефинитивен ред на изградба (за Палеолитот), со тоа алудирајќи на покомплексно однесување на Неандерталците. Како што кажал археологот Жак Жуберт:

„Овие камења се стари 176.000 години, а ова ги прави најстарата човечка конструкција. Тие се пронајдени на 336 метри од влезот на пештерата, а ова укажува дека луѓето од овој период веќе владееле со подземната средина. Тоа било еден голем чекор напред за човештвото.“

Погледнете и некои од древните изгубени книги кои ќе сакате да ги прочитате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар