Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Доколку сте љубители на патувањето, сигурно отсекогаш сте сонувале да отидете на одмор во најудобниот авион што постои на светот. Авионската компанија Etihad Airways вложила малку повеќе труд од другите компании и таа нуди авион што може да се опише единствено како приватен „апартман“. Кој не би сакал вистински да ужива во патувањето и во врвната услуга?!

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Пред повеќе од една година, компанијата сосема малку го сменила изгледот на авионите. Првата трансформација ја доживеал авионот А380 кој наместо боите на знамето на Соединетите Арапски Емирате, добил интересна декорација во форма на триаголници на перките.

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Овој авион е на два ката со седишта распределени во четири класи: Економска, бизнис, прва и „резиденс“ класа. Последната, луксузна класа се наоѓа на најгорниот кат во авионот.

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Во „резиденс“ класата апартманите за двајца се наоѓаат десно од скалите и зафаќаат простор од 12 метри квадратни. Тие имаат по три соби, односно дневна соба (во која има трпезарија и мини кино), спална соба и тоалет со туш кабина и тоалетна шолја. Патниците од овие апартмани ги имаат на располагање вработените кои имаат завршено посебен курс во лондонскиот хотел Савој.

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Патувањето во еден од овие апартмани од Абу Даби до Лондон чини околу 19.750 евра. Билетите мора да се купат една година однапред.

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Вака изгледа спалната соба со брачен кревет.

Како изгледа патувањето со најлуксузниот авион во светот?

Продолжете на следната страница за да ги погледнете како изгледаат апартманите и за останатите класи…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар