Како е создадена светски познатата кукла Барби?

Куклата Барби своето име го добива по вистинска личност. Светски познатата кукла е изум на Рут Хендлер, која била ко-основач на компанијата за играчки „Mattel“. Рут името на куклата ù го дала по својата ќерка Барбара.

Како е создадена светски познатата кукла „Барби“

Госпоѓа Хендлер ја гледала својата ќерка Барбара како си игра со нејзините кукли направени од хартија и забележала дека таа ги третира како да се возрасни девојки. Бидејќи дотогаш не постоела кукла, која изгледала повозрасно, најчесто куклите во тоа време биле бебиња, таа ја добила идејата да создаде токму таква играчка. Таа ја претставила идејата пред компанијата, но одборот сметал дека нема да постои интерес на пазарот за таков продукт.

Патувањето во Германија

Во 1956 година Рут заминала на патување во Германија. На прошетката со нејзините деца Барбара и Кенет, на еден излог здогледала кукла која наликувала на идејата која таа ја имала во глава. Верзијата која таа ја здогледала всушност била кукла позната под името „Bild Lilli Doll“, направена според лик од стрипот „Die Bild-Zeitung“. Оваа кукла не изгледала како бебе, туку токму како минијатурна верзија од возрасен човек. Ликот од стрипот всушност претставувала амбициозна девојка од работничка класа која целела кон она што го сака.

Како е создадена светски познатата кукла „Барби“

Таа купила три кукли и ги понела со нејзе во САД. Дома таа му ги покажала играчките на нејзиниот сопруг и на инженерот Џек Рајан. Тие заедно ја направиле новата кукла по име Барби.

Дебито на Барби

Госпоѓа Хендлер својата креација прв пат ја претставила пред јавноста на саемот на играчки во Њујорк. Првата Барби била облечена во костим за капење со црно-бели пруги. Достапна била со руса и кафена коса, собрана во опавче.

Како е создадена светски познатата кукла „Барби“

Факти и занимливости:

  • Роденденот на Барби е на 9 март (1959 година).
  • Нејзиното целосно име е Барбара Милисент Робертс.
  • Доколку Барби би била вистинска девојка би имала пропорции 90-45-90.
  • Кен своето име го добил по синот на Рут, Кенет.
  • Првата Барби на која можеле да ù се свиткаат колената била претставена на пазарот во 1965 година.
  • Првата Афроамериканска Барби била наречена Кристи и се појавила на пазарот во 1968 година.
  • Барби е голем љубител на животни и низ годините имала повеќе од 38 миленичиња, помеѓу кои кучиња, мачиња, коњи и лавови.
  • Колекционерските едиции на позната кукла се организирани во 4 категории: розова (неограничено производство), сребрена (до 50.000 парчиња), златна (до 25.000 парчиња) и платинумска (до 1.000 парчиња)
  • На секоја секунда се продаваат по 3 Барби кукли некаде во светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mia Reply

    Моите омилени кукли :))) Сакав да имам и куќа за нив, кујна и спална. Многу облеки и штикли….. Ама и само барбиките беа доволни………..:)

Остави коментар