Како да им го украдете месото на лавовите?

Ако ненадејно се најдете сами во џунглата и сте гладни, можете да им го украдете месото на лавовите за да се прехраните. Но, само ако сте итри и паметни како припадниците на племето Доробо од Кенија.Како да им го украдете месото на лавовите?Тие имаат ловечка традиција долга илјадници години, но сега ловот за нив е забранет. Властите во Кенија решиле да преземат драстични мерки во борбата против ловокрадството, па затоа забраниле какво било ловење на целата територија, забрана која важи и за племињата кои се прехрануваат на ваков начин. Но, се чини дека тие имаат бескрајна способност за приспособување на новите услови кои им ги поставува животот и успеваат да дојдат до храна без да го прекршат законот, затоа што некој друг лови за нив.

Ова видео е дел од Human Planet, документарен серијал на БиБиСи. Во него може да се види тактиката која ловците од Доробо ја користат за мирољубиво да стигнат до својот плен. Без многу финти, користејќи ја самоувереноста како оружје, тие успеваат да ги исплашат лавовите и од нив да добијат ручек.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар