За оние кои работат од дома: Овие 5 вежби ќе ви помогнат да ги спречите болките во вратот и грбот

Без оглед на причините зошто работите од дома, без разлика дали сте хонорарни преведувачи или сте принудени на работа од дома поради коронавирусот, бидете свесни дека тоа може да биде многу болно искуство. Затоа, се препорачува да се оддалечувате од вашиот компјутер на секој 1 час и повремено да се раздвижите одејќи барем до кујната или бањата. Како и да е, за да ги избегнете долгорочните ефекти од прекумерното седење пред вашиот компјутер или да ја избегнете вкочанетоста во вратот и грбот, добра идеја е да се протегате неколкупати на ден. Фитнес експертите предлагаат неколку ефективни вежби кои ќе помогнат вашите часови во изолација да бидат помалку стресни.

За оние кои работат од дома: Овие 5 вежби ќе ви помогнат да ги спречите болките во вратот и грбот

Кружење со главата

Целодневното гледање во компјутерскиот екран, особено ако компјутерот не е поставен во рамнината на очите, може да биде болно искуство, особено кога станува збор за вратот. Покрај тоа, може да предизвика долгорочни проблеми, дури и главоболки. Покрај тоа што компјутерот треба да го ставите во позиција што најмногу му одговара на вашиот врат, треба да бидете сигурни дека таа позиција е што е можно пофлексибилна и нема да ви наштети. Наведнете ја главата нанапред колку што можете и поместете ја за да направите целосен круг со неа. Направете го ова од 3 до 5 пати.

Истегнување на натколениците

На многу луѓе им е тешко да си ги допрат прстите на нозете, а токму преку тоа се тестира нечија флексибилност. Со овие вежби ќе можете полесно да го сторите тоа. И не само тоа. Ќе спиете подобро, ќе имате добро држење на телото и помалку болки во грбот.

Најдобар начин да ги истегнете натколениците е да легнете на простирка за јога, да го подигнете едното стапало и да ја истегнете ногата. Потоа ставете еластична лента за вежбање околу ногата и држете ги двата краја на лентата со рацете. Прво, вдишете, држејќи ја ногата во позиција на повлекување, а потоа при издишување, повлечете ја лентата кон вас за да ја истегнете натколеницата. Не влечете ја ногата премногу, туку само онолку колку што можете. За ова време колковите треба да бидат залепени за подот. Ја движите само ногата што ја истегнувате. Направете 2-3 влечења на едната нога, па повторете ја вежбата со другата.

Вртење на ‘рбетот

Не игнорирајте ја неподвижноста на ‘рбетот! Ако седите на стол, ротирајте ги рамената, фатете го горниот дел од столот со рацете и „туркајте ги“ рамената од грбот колку што можете без да ги придвижувате колковите. Останете во оваа позиција пет секунди, а потоа вратете се на првичната позиција. Повторете ја вежбата и на другата страна.

Поместување на рамената напред-назад

По вратот, фокусирајте се и на рамената. Ако постојано се свиткуваат додека седите на компјутер, наскоро ќе почнете да чувствувате болка во горниот дел од телото. Затоа, подигнете ги колку што е можно повеќе, како кога не го знаете одговорот на некое прашање. Потоа, нежно движете ги напред и назад од секоја страна, кружејќи ги во секоја позиција. Кога ќе направите од 3 до 5 круга, променете ја насоката и повторете ја вежбата од 3 до 5 пати.

Отворање на градите

Ова ќе ја подобри флексибилноста на рамената. Ставете ги рацете зад долниот дел од грбот и зграпчете ги. Ова ќе ги отвори градите и рамената. Без да ги свиткате лактите, обидете се да ги кренете рацете колку што можете повеќе. Ако стоите, држете ги нозете во ширина на рамената, па свиткајте ги колковите нанапред додека ги кревате рацете. На овој начин ќе го истегнете и долниот дел на грбот.

Можеби сакате да прочитате и кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар