Како бебето да ви помогне околу чистењето на подот?

Еден дизајнер дошол до уникатна идеја како да ги вклучите децата во секојдневните домашни обврски, претворајќи ги бебињата кои лазат, во машини за чистење под. Дизајнерот ја искомбинирал традиционалната бебешка облека, со специјални додатоци за чистење, прикачени на рацете и нозете, што им овозможува на бебињата да го полираат подот, додека лазат.Како бебето да ви помогне околу чистењето на подот?„Baby Mop“ (Бебешка крпа) чини 40 долари е изум на веб-сајтот BetterThanPants.com, а инспирацијата е добиена од јапонска реклама во која крпата била дел од смешен натпревар на смешни јапонски изуми, кои не се на продажба.

Во врска со нивниот нов производ, авторите на веб-сајтот се шегуваат дека оваа облека ќе го научи вашето бебе на етика уште во раните години и ќе му помогне да сфати дека не треба да ја фрла храната по подот. Воедно, велат и дека бебето убаво ќе се навежба, ќе ја согори енергијата, ќе ги тонира мускулите и ќе спие подобро навечер.Како бебето да ви помогне околу чистењето на подот?Мајк Паркер од BetterThanPants.com вели:

Продадовме 100 парчиња за само 1 месец откако го додадовме производот на нашиот сајт. Воглавно, коментарите за производот се позитивни, и покрај тоа што добивме и неколку негативни околу идејата зад производот.“

„Крпите се направени од микрофибер и се прикачени на шпикозните и се сосема удобни. Тоа е апсорбирачки материјал кој ќе го светне вашиот под, а откако бебето ќе заврши со чистењето, крпите лесно се отстрануваат. Плус, ќе можете да се одморите или да правите нешто, додека вашето бебе учи да лази и го чисти подот наместо вас.“ – напишале авторите на сајтот

Како бебето да ви помогне околу чистењето на подот?Задоволните муштерии сметаат дека ова е одличен изум, кој им ги олеснува домашните обврски околу чистењето, а некои дури се шегуваат и до тој степен, што предлагаат да ги намокрите крпите, за да биде подот уште почист.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар