Еве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолја

Некои од јавните тоалети може да бидат средени и чисти, додека пак други може да изгледаат навистина одвратно. Секако, никој не сака да седи на тоалетна шолја знаејќи дека претходно таму биле илјадници луѓе. Па, што правите во вакви ситуации? Дали и вие ставате тоалетна хартија, сметајќи дека така е почисто? Новите студии ни покажуваат дека оваа навика е сосема погрешна.

Еве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолја

Тоалетната хартија и другите материјали на местото за седење на тоалетната шолја го прават истото понечисто

Хартијата ставена врз местото за седење на тоалетната шолја го прави истото повалкано отколку ако седнете директно. Сигурно сте зачудени и се прашувате како ова може да биде вака. Верувале или не, местата за седење на тоалетните шолји се дизајнирани за да останат чисти. Нивната форма и материјал од кој се направени се способни да ги убијат бактериите. Всушност, тие и не може да преживеат таму. Од друга страна пак, облогите или тоалетната хартија кои ги ставате на местото за седење, се сосема друга приказна. Меките и сунѓерести материјали од кои тие се направени се погодно место за бацилите и бактериите. Со седењето на хартијата, наместо на самото седиште, вие всушност седите на повеќе бактерии. Колку за споредба, сунѓерот за миење садови може да содржи 200.000 пати повеќе бактерии отколку јавната тоалетна шолја.

Науката го докажува ова

„Седењето на тоалетната шолја не предизвикува инфекција“, вели Вилијам де Паоло, асистент професор по имунологија и микробиологија на факултетот за медицина при Универзитетот во Јужна Калифорнија. „Многу од бактериите кои се присутни на површината на тоалетот или другите делови од бањата не се пренесуваат лесно преку кожата.“

Во суштина, на бактериите им треба влажно (а по можност и топло) место за да живеат. Местото за седење на тоалетната шолја го нема ниту едното ниту другото. Површината нема дупки кои би можеле да апсорбираат вода, а сите знаеме дека тоа место никогаш не е топло.

Мијте ги рацете за да ги спречите бактериите

Наједноставниот и најефикасен начин за да ги избегнете бактериите е да ги миете вашите раце. Покрај ова, важно е да ги исушите. Што се однесува пак до електричните уреди за сушење на рацете, тие може да бидат повалкани и од тоалетната шолја, пред сѐ поради тоа што луѓето копчето го допираат со влажни раце кои овозможуваат ширење на бактерии.

Еве зошто не треба да го покривате со хартија местото за седење на тоалетната шолја

Постојат многу други места за кои треба да бидете загрижени

Покрај бањата и сунѓерот за садови, постојат многу повалкани места за кои треба да се грижите. Еве на што да внимавате:

  • Мијалникот во кујната. Овде миете месо и друг вид храна кои носат големи бактерии. Дали некогаш сте го чистеле одводниот канал? Бактериите живеат токму таму. Да не ги споменуваме и славината или пак рачката на чешмата. Верувале или не, би требало да го чистите вашиот мијалник во кујната барем два пати неделно.
  • Авионите. Вклучувајќи ги нивните тоалети, завесите за прозорците, како и масичките. Малите простори, особено тоалетите, имаат многу делови кои е тешко да се исчистат, што наведува на тоа дека тие се особено валкани.
  • Вашиот мобилен телефон. Според Чарлс Герба, микробиолог при Универзитетот во Аризона, мобилните телефони содржат 10 пати повеќе бактерии во споредба со поголем дел од местата за седење на тоалетните шолји.
  • Влажните алишта. Особено долната облека. Кога ја преместувате облеката од машината за перење, во машината за сушење алишта, на вашите раце може да се појави бактеријата Ешерихија коли. Еден микроб може да биде доволен за да се зафати целата облека која е во машината. Најдобриот начин да се заштитите од ова е да користите белило на сета ваша бела облека, а долната да ја перете одделно.

Па, сега знаете дека постојат многу други места на кои треба да внимавате, со цел да се заштитите од бактериите.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар