Постои голема веројатност мајките што споделуваат многу фотографии од своите бебиња да се депресивни

Сте се запрашале ли некогаш дали сите оние споделени фотографии од бебиња се знак за нешто друго, освен за среќна мајка? Со развојот на социјалните мрежи се појавија нови начини на комуникација. Имено, за повеќето луѓе речиси и незамисливо е да поминат еден ден без да отворат Фејсбук, Инстаграм, Твитер… Од ова не се исклучени и новите мајки кои секојдневно ги преплавуваат социјалните мрежи со фотографии од нивното новороденото дете. Сите имаат свое мислење за овој тренд, или имаат негативен став, или пак целосно се согласуваат, но, како и да е, објавувањето десетици фотографии на ден од бебето во речиси секоја поза, може да има и своја негативна страна.

Мајките кои споделуваат премногу слики од нивните бебиња многу поверојатно е да бидат депресивни

Не станува збор само за вознемирување на пријателите на Фејсбук кои без размислување ќе ги прикријат вашите постови. Всушност, истражувачите од Државниот универзитет во Охајо откриле дека може да има поврзаност помеѓу тоа како новата мајка избира да ги користи социјалните мрежи за да споделува информации за своето ново бебе и нејзината психолошка состојба. Студијата се фокусирала на група од 127 мајки. Овие жени биле високо образовани, со полно работно време и најголем дел од нив биле мажени. Според резултатите од истражувањата, жените кои чувствувале притисок да бидат „совршени мајки“ биле најсклони кон често објавување фотографии на Фејсбук. Кај некои ова дури преминало и во опсесија. Но, тоа не е сè. Новите мајки не само што сакаат да изгледаат „совршено“ со честото објавување, туку и реагираат поемоционално на секој коментар на нивните објави.

Додека за новите родители е радост да споделат неколку фотографии на Фејсбук од нивната гордост и среќа, Сара Шоп-Саливан, професорка при Универзитетот во Охајло, вели дека некои жени ова го користат на негативен начин кој може да биде нездрав чекор за тие да го отстранат својот страв.

„Ако мајката објавува на Фејсбук за да добие потврда дека таа добро ја извршува својата работа, а притоа не добие доволно лајкови и позитивни коментари како што очекува, тоа може да биде проблем. На крајот може дури и да се почувствува полошо.“

Ова значи дека жените кои чувствуваат поголем притисок да бидат совршени, објавуваат повеќе фотографии на социјалните мрежи, па на крајот, доколку не ги добијат коментарите што ги очекуваат, тие завршуваат во депресија.

„Убаво е да споделите настани и фотографии од вашето бебе, но потпирајќи се на Фејсбук за да се чувствувате дека сте добар родител, може да биде ризично.“

Мајките кои споделуваат премногу слики од нивните бебиња многу поверојатно е да бидат депресивни

Според истражувањето, жените кои објавиле најмногу фотографии на Фејсбук се изјасниле дека се подепресивни за разлика од другите мајки, дури и во месеците по раѓањето. Студијата ја следела нивната Фејсбук активност и рангирала колку често тие објавуваат фотографии од нивното ново дете, па и колку често одговараат на коментарите. Девет месеци подоцна, тие уште еднаш ги собрале жените и ги рангирале според тоа како се чувствувале во улога на мајка. Студијата утврдила дека речиси секоја жена, односно 98%, ги користи социјалните мрежи за на некој начин да сподели фотографија од нејзиното дете. Тие дури утврдиле и дека жените кои како профилна фотографија поставиле некоја од нивното бебе ја нагласувале улогата на „мајка“ повеќе од оние кои одлучиле да не го прават ова.

Шоп-Саливан верува дека тоа се знаци за поголем проблеми.

„Она што го велат овие мајки е ‘моето дете е од централно значење за мојот идентитет, барем во моментов’. Ова го кажуваат навистина.“

Иако истражувачите предупредуваат овие наоди да не се сфаќаат како апсолутно докажани факти, тие укажуваат на тоа дека новите мајки треба да бидат претпазливи што споделуваат на социјалните мрежи и како истите ги користат. Објавувањето фотографии за да се споделат со саканите е една работа, но доколку со тоа сакате да се докажете како „добар“ родител, може да ве доведе до тешка депресија.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар