Добрата страна на модерните седум смртни гревови

Озборувањето, лажењето и суровоста може да влијаат лошо на личноста и да го уништат пријателството, но овие карактеристики во умерени количини може да бидат добредојдени. Овие таканаречени пороци всушност може да ве направат попаметни, поамбициозни и помалку нервозни.

Добрата страна на модерните седум смртни гревови

Озборување

Озборувањето може да биде клучот за намалување на стресот, но само ако е умерено, а не злобно. Исто така, озборувањето е одличен начин на ослободување на емоциите како што се бесот, фрустрацијата и болката. Во одредена мера, тоа може да го продлабочи односот со одредена личност, на тој начин што самото озборување доведува до споделување на мислењата, а можеби и на заеднички проблем.

Љубомора

Неверојатно е како љубомората може да ни разјасни многу работи. Ако на Фејсбук дознаете за успехот на вашиот (не)пријател и ако посакате да сте на негово место, тоа не значи дека љубомората влијае лошо на вашата психа. Во тој случај љубомората е позитивна затоа што ја поттикнува вашата амбиција.

Добрата страна на модерните седум смртни гревови

Пцуење

Дури и научно е докажано дека пцуењето ги намалува стресот и нервозата, а со тоа прави и вие да се чувствувате полесно. Извикувањето вулгарни зборови може да ја намали физичката болка, додека нивото на издржливост на болка се зголемува за 50%. Од друга страна, претераното пцуење ги намалува ефектите на редуцирање на болката, па затоа обидете се непристојните зборови да ги сведете на минимум.

Суета

Умерената суетеност е предност и за самата личност и за другите околу неа. Суетата може да послужи како моќен мотиватор и може да биде причина за нов почеток, како на пример, започнување со фитнес вежби или воведување здрави навики во исхраната. Но, не заборавајте дека не е сè во надворешниот изглед.

Добрата страна на модерните седум смртни гревови

Фалење

Понекогаш пофалбите се она што најмногу ѝ е потребно на една личност за да напредува. Никој не сака да биде во друштво на фалбаџија, но токму фалењето е дел од стратегијата за нагласување на личните достигнувања. Според стручниот тим на Харвард, фалењето го зголемува нивото на допамин во организмот, што предизвикува исто задоволство како и при водењето љубов.

Лажење

Вистината не е секогаш најдоброто решение. А и малите добронамерни лаги се нешто за што секој би ви простил. Често ги користиме добронамерните лаги за да го задржиме позитивниот однос и да избегнеме бесцелна кавга. Лажеме за другите да се чувствуваат добро и во тоа нема ништо лошо, сè додека лагата е поттикната заради заштита на другите, а не од личен интерес.

Суровост

Да се биде суров понекогаш е повеќе од потребно, посебно кога се работи за вонредна ситуација. Ако сте гласни и имате многу барања, сигурно немате многу обожаватели, но кога социјалните институции одбиваат да ве заштитат или да ви помогнат, тогаш вреди да бидете по малку сурови за да го добиете тоа што ви следува.

Добрата страна на модерните седум смртни гревови

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар