Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

Озборувањето е составен дел од човековото однесување и тоа е нешто што го искусил секој еден од нас. Но, прашањето е зошто луѓето озборуваат?

Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

Факт е дека луѓето сакаат да озборуваат. Озборувањето е всушност споделување информации за лице кое не е присутно во дадениот момент. Тоа се поистоветува најчесто со тенденцијата на фокусирање на негативните аспекти на личноста.

Кај некои луѓе главната цел за озборување е одмаздата. Доколку не сакаме одредена личност вообичаено бараме други луѓе кои ги споделуваат со нас истите чувства во однос на таа личност. Во овој случај самата причина дека личноста не ни се допаѓа се чини дека е доволна за да го оправда озборувањето.

Друга причина поради која луѓето сакаат да озборуваат е чувството на моќ. Со други зборови, преку озборувањето луѓето добиваат впечаток дека поседуваат тајни информации за другите.

Озборувањето е процес кој се случува речиси несвесно и има за цел да ја разбие монотонијата на секојдневието. Во денешно време, социјалните медиуми се „идеална“ платформа за озборување. Сепак, токму овој тип озборување има тенденција да направи повеќе штета бидејќи може да допре до поширока публика и да остане видливо подолго време.

Според одредени истражувања, кај луѓето кои слушнале позитивни или негативни озборувања за себе, се појавила зголемена активност во префронталниот кортекс на мозокот. Се работи за дел од мозокот одговорен за однесувањето на поединецот со другите. Резултатот бил дека луѓето сакале да се вклопат во заедницата со другите, но и да добиваат позитивни коментари за себе. Така, тие биле среќни кога слушнале позитивни зборови, но вознемирени кога слушнале негативни озборувања за себе.

Откако прочитавте зошто луѓето сакаат да озборуваат, можеби ќе сакате да прочитате и за зачудувачките придобивки од озборувањето.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар