До девојките кои неодамна кажале „Да“: Со што ги нервирате луѓето на социјалните мрежи?

Голем број девојки сонуваат за романтично запросување како од филмовите. И се надеваме дека секоја од вас ќе го добие или веќе го добила, бидејќи го заслужувате, но она што следува по овој голем настан кај некои жени се претвора од бајка во малтретирање на следбениците на социјалните мрежи. Погледнете дел од најголемите грешки на социјалните мрежи кои не само што не го пренесуваат запросувањето во вистинското светло, туку и ги нервираат сите оние што редовно ве следат…

1-so-shto-novopechenite-verenici-gi-nerviraat-lugjeto-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

1. Премногу слики од прстенот

Доволна е само една убава фотографија на која се гледа прстенот за вашите пријатели да сфатат дека има убава промена во вашиот живот.

2. Видео од вашиот прстен

По примерот на светските ѕвезди, голем број девојки кои го кажале судбоносното „Да“, често знаат да снимат видео на кое главната ѕвезда е нивниот прстен што тие го мрдаат лево-десно заедно со раката за тој да сјае… Ова се случува барем 2, 3 минути… Сфаќаме дека сте среќни, но на овој начин не ја пренесувате вашата среќа, туку ги нервирате вашите следбеници.

3. Премногу хаштагови

Секако дека ќе го споделите овој настан со вашите пријатели на социјалните мрежи, но не претерувајте ниту со хаштаговите. Изберете еден или два кои целосно го доловуваат вашето расположение и задржете се на нив.

2-so-shto-novopechenite-verenici-gi-nerviraat-lugjeto-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

4. Детали за венчавката

Иако вашите гости навистина се интересираат за овие детали, социјалните мрежи не се платформа за такви податоци. За тоа служат поканите.

5. Идна госпоѓа

Вие наскоро ќе се омажите, па промената на името и презимето пред тој настан навистина не е потребна, освен ако баш сакате да ги збуните и изнервирате луѓето околу себе.

Како надоврзување на ова, погледнете ги и овие урнебесни „веренички фотки“ кои ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар