Девојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмо кое го напиша за себеси од иднината пред да умре

Понекогаш можете да најдете утеха на најнеочекуваните места. Барем таков беше случајот со едни родители од Тенеси кои тагувале за загубата на нивната 12-годишна ќерка која починала поради компликации со пневмонија. Само неколку дена по смртта на Тејлор Смит, нејзините родители пронашле затворен плик кој содржел писмо кое таа го напишала за себе и кое требало да го отвори кога ќе има 22 години. Неверојатното, ведро и мудро писмо станало голема утеха за нејзините родители.

Девојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмото кое го напишала за себе

„Да биде отворено само од страна на Тејлор Смит на 13 април 2023 година, освен ако не кажам поинаку,“ напишала Тејлор врз пликот.

Девојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмото кое го напишала за себе

„Извини мила, но ние го отворивме,“ изјавил нејзиниот татко Тим за телевизиска станица пред да го прочита писмото со растреперен глас. „Драга Тејлор, како е животот? Животот е прилично едноставен 10 години во твоето минато. Знам дека малку доцнам, но бидејќи го пишувам ова порано: честитки за завршувањето средно! Во случај да не се случило тоа, врати се назад и продолжи да се обидуваш. Земи ја таа диплома! Дали имаш сопствено место за живеење? Ако сме на колеџ, за која насока се решивме? Во моментов сакам да бидам адвокат.“

Девојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмото кое го напишала за себе

Во писмото меѓу другото напишала и дека има голема верба во Бог и се охрабрувала себеси да продолжи да верува. Исто така сакала да знае дали сè уште ја интересираат истите нешта како Доливуд, нејзиниот ајпад и дали сè уште се снима нејзината омилена ТВ серија „Доктор Кој“.

На крај, последната мисла од писмото гласела: „Па, мислам дека тоа е сè, но запомни дека поминаа само 10 години откако го напишав ова. Се случуваат работи, и добри и лоши. Така животот функционира и мора да научиш како да живееш со тоа.“

Кутијата во која родителите го нашле писмото содржело голем број поеми, дневници и писма со охрабрувања за личности на кои не успеала да им ги даде. Нејзиниот татко вели дека таа успевала на неверојатен начин да допре до голем број луѓе. Навистина е жалосно што ова мало девојче кое било полно со желба за живот и кое имало многу очекувања од иднината толку рано ја завршило својата авантура. Нејзиниот татко вели дека на почетокот тие чувствувале само шок и бранови на депресија и дека секоја вечер заспивале со мислата дека можеби тоа не се случило, дека не е реално. Но, откако го нашле писмото работите се промениле.

„Многу луѓе сигурно се прашуваат зошто не го мразам Бог поради тоа што се случи. Единственото нешто што можам да го кажам сега е дека ми е лесно да верувам во него бидејќи моето мало девојче му веруваше,“ вели тој.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар