Демонот кој се крие зад каучот

Можеби станува збор за некој трик на светлината, но застрашувачкото лице кое се појавува на фотографијава изгледа како да е главен лик во најморничавиот хорор филм во светот. На прв поглед, нема ништо чудно во фотографијата. Гледаме само една обична дневна соба со голем прозорец.

Демонот кој се крие зад каучот

Луѓето кои ја виделе на интернет се поделени на оние кои го гледаат страшното лице и оние кои не можат да го пронајдат. Како и да е, откако еднаш ќе се сретнете очи в очи со демонот, тешко дека ќе останете рамнодушни и ќе го оттргнете од мислите.

Потеклото на оваа фотографија е непознато, но веројатно е создадена додека некој се криел зад перниците на каучот, а друг го фотографирал или пак можеби станува збор за фотоманипулација креирана во Фотошоп. Таа вирално се распространила откако корисници на Фејсбук и Твитер ја рашириле, за да го споделат чувството на страв, велејќи дека скокнале од место кога го виделе „демонот“ и срцето им застанало.

Кога сме веќе кај страшни фотографии, чиј креатор е непознат, а масовно се споделуваат на интернет, еве уште една која ќе ве извади од памет. :)

Демонот кој се крие зад каучот

Помош: Сѐ уште се мачите да го пронајдете демонот во сликите? Погледнете во левиот долен агол од првата слика и помеѓу двете девојки на втората слика. Признајте, се исплашивте малку нели? :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. jas Reply

    глупост тешка

  2. simona Reply

    ja stv mislev deka e nesto strasno ali ne e dotolku,
    gluposti :)

  3. :) Reply

    ova mora da e vistina, nema sansi da e laga ili montaza – se gleda deka e visitna od daleku 😛 😛 😀 😀 😀 ih ih ih

  4. Nina Reply

    тууу па јас сум пострашна од овие хахахаха. втората па воопшто не е страшна, првата ајде де би можело некој да се потплаши…ако е дете =)

  5. Ana Reply

    a toa sto ima moznost toa pomegu dvete devojki da e samo nekoja random faca koa se izbacila u pozadina, to e drugo

Остави коментар