Дали може со нож да се пресече капка вода на два дела?

Понекогаш е навистина тешко науката да се одвои од магијата, а тоа особено важи за тимот научници од Универзитетот Аризона на чело со д-р Антонио Гарсија, кои направиле нож со кој капка вода може да се пресече на два дела. Без растекување, без неред – само чисто и едноставно пресекување на водата.Дали може со нож да се пресече капка вода на два дела?Ножот е направен од мешавина на цинк и бакар. Пред употребата бил исчистен со ацетон, дејонизирана вода и етанол, а потоа бил исушен со нитроген. Се верува дека овој пронајдок може да воведе револуција во испитувањето на течностите, а дотогаш останува само да се восхитуваме на фактот што конечно може да сече и водата.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар