9 моќни древни индиски мудрости

Древниот индиски народ размислувал многу впечатливо за животот, па токму затоа и нивните изреки сè уште се актуелни. Човечката душа е мистериозна, но откако ќе ги прочитате овие мисли, таа веднаш ќе ви стане појасна…

9 моќни древни индиски мудрости

1. Срцето на сјајните личности потсетува на кокос кој иако е тврд однадвор, содржи освежителна вода и вкусна храна однатре.

2. Потребен е трн за да се отстрани трн.

3. Човекот со исклучителни квалитети е како цвет кој без разлика дали ќе го најдете помеѓу плевел или ќе го носите на глава, тој сè уште ќе ја чува својата миризба.

4. Подобро е да дадете завет за молчење отколку да зборувате глупости.

5. Колку повеќе ги потиснувате тегобите во срцето, како и несогласувањата и немирите, тие толку повеќе ќе се зголемуваат.

6. Среќата се состои од отсуството на тежините.

7. Сакај како никогаш да не си бил повреден.

8. Танцувај како никој да не те гледа.

9. Пеј како никој да не те слуша.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар