9 интересни факти поврзани со денот понеделник

Колку пати досега сте се пожалиле дека го мразите денот недела? А сте помислиле некогаш зошто постои толку голема омраза кон овој навидум релаксирачки ден од викендот, кога можете да се одморите и прошетате? Можеби зашто утредента е понеделник, а тоа значи дека нѐ чека уште цела нова работна недела. Прочитајте ги овие интересни факти произлезени од разни истражувања, за првиот ден од неделата.
9 интересни факти поврзани со денот понеделник1. Повеќето од нас во понеделник, не се насмевнуваат дури до 11.16 часот претпладне.

2. Најдобриот начин да го победите понеделничкото „сивило“ е со гледање телевизија или со имање секс. Во листата топ 5 работи со кои можете да го надминете тоа ужасно понеделничко чувство спаѓаат:  1) гледање ТВ; 2) водење љубов; 3) онлајн шопинг; 4) купување чоколадо или шминки и 5) планирање годишен одмор.

3. 50% од вработените луѓе доцнат на работа во понеделник. Со глупаво оправдување дека автобусот ви избегал или имало гужва во центарот на градот, нема да се спасите од оставање лош впечаток кај вашиот шеф. Наместо да се правдате, кажете му го овој податок: истражувачите тврдат дека повеќето од луѓето го доживуваат толку суров и мрачен првиот ден од неделата, што дури 50% од вработените луѓе доцнат на своето работно место.

4. Повеќето луѓе кукаат цели 12 минути дека е тек понеделник и седмицата тукушто започнала.

5. Луѓето на возраст од 45 до 54 најтешко се справуваат со мачното чувство предизвикано од понеделничкото сивило, кое е придружено со цимолење во времетраење од минимум 12 минути.

6. Вработените луѓе, во понеделниците се само 3,5 часа од работното време продуктивни во извршувањето на своите работни задачи.

7. Во понеделник се случуваат најголем процент од самоубиствата. Канцеларијата за национална статистика на Англија, откри дека 16% од самоубиствата извршени од мажи и 17% од самоубиствата извршени од жени, се случиле во понеделник, споредбено со 13% во текот на викендите. Истражувачите велат дека ваквиот тренд не е исклучиво резултат на тоа што започнува нова работна недела, бидејќи тој бил забележан и кај пензионираните луѓе.

8. Во понеделник се случуваат голем број срцеви удари. Британското медицинско списание „British Medical Journal“  објави дека во понеделниците се случуваат 20% повеќе срцеви удари, споредбено со останатите денови во неделата. Порастот на срцеви удари во овој ден, може да е резултат на стресот и покачениот крвен притисок предизвикани од враќањето на работното место, после викенд.

9. Понеделник е најмалку врнежлив ден од неделата. Некои веруваат дека ова е резултат на тоа што се намалува загаденоста во текот на викендот, предизвикана од човечкиот фактор во текот на работните денови.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар