8 нешта кои момците потајно сакаат да ги прават со вашите гради

8 нешта кои момците потајно сакаат да ги прават со вашите гради

Да бидеме реални, не постојат разлики помеѓу нештата кои мажите сакаат да ги прават со градите на жените и нештата кои тие навистина ги прават. Но, што мислите, што би правеле тие со вашите гради доколку имаат пристап до нив 24/7? Погледнете.

8 нешта кои момците потајно сакаат да ги прават со вашите гради

1. Тие би се нурнале со лицето во вашите гради и би си играле тресејќи ја главата. И покрај тоа што ова не е многу пријатно ни за вас, ниту пак за нив, тие едноставно сакаат да го прават тоа. Тоа е еден вид внатрешна желба и потреба која постои во сите мажи.

2. Би зјапале во нив долго време. Толку долго што дури и да сте во долга и сериозна врска, вам во еден момент би ви станало непријатно. Ви се случило некогаш да се разбудите во текот на ноќта и да заспиете повторно гледајќи го вашето момче како спие покрај вас? Е па и мажите сакаат да го прават тоа, но гледајќи во вашите гради.

3. Би ги земале во двете раце нежно и потоа би жонглирале со нив. Тоа ги маѓепсува.

4. Би ги користеле како пернички. Да можат, тие постојано би лежеле на вашите гради. Доколку вие не им кажете да се тргнат бидејќи ви тежат, тие самите не би го сториле тоа…

5. Тие би го притиснале нивното уво до нив и би се обидувале да го слушнат океанот. Секое утро, без исклучок…

6. Би се однесувале кон нив како да се секси кошаркарски обрач. Тие едноставно сакаат да направат неколку чекори наназад и да се обидуваат да дадат „кош“ со коцки чоколадо во вашето деколте бидејќи тоа е нешто што премногу ги задоволува. Тие сакаат гради, но исто толку сакаат и нешта кои можат да ги фрлат во други нешта, па токму тука се спојуваат овие два нивни силни интереси.

7. Би ги истражувале лудо и без прекин. Тие сакаат да ги истражуваат вашите гради како да се огромни планини, без притоа да внимаваат дали тоа за вас е пријатно или не. Тие едноставно сакаат да ги притискаат со нивните раце.

8. Би ги држеле вечно. Доколку беше социјално прифатливо, тие би ги држеле своите девојки во јавност за градите наместо за рацете… И никогаш повторно не би ги пуштиле!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар