8 фризури што го откриваат вистинскиот карактер на мажите

Фризурата е многу важен дел од изгледот. Но, дали сте знаеле дека фризурата може да открие многу работи за човекот што ја носи? На крајот на краиштата, сигурно постои причина зошто го одбрале баш тој изглед за нивната коса. Иако не треба да ги сфатите анализите премногу сериозно, погледнете ги следниве неколку фризури и дознајте што откриваат тие за карактерот на мажите…

1. Долга коса

8 фризури што го откриваат вистинскиот карактер на мажите

Кој може да им одолее на долгокосите момци? Тие се креативни, потестуваат на Викинзи и други фантастични ликови. Признајте дека и вам ви се допаѓа оваа фризура! Единствениот проблем е што ќе мора да се борите за шампонот.

2. Избричена глава од страните и кај тилот

8 фризури што го откриваат вистинскиот карактер на мажите

Оваа фризура ја одбираат мажествените, но и љубоморните момци. Со оглед на тоа што половина од мажите ја носат оваа фризура, мора да бидете многу шармантни за да се погрижите дека токму вие ќе го привлечете вниманието на девојките. Само позитивни луѓе со добра смисла за хумор ја носат оваа фризура.

3. Ќелава глава

8 фризури што го откриваат вистинскиот карактер на мажите

Ќелавите мажи се многу интелигентни и досетливи. Сега тие ги заслепуваат жените не само со нивната насмевка, туку и со отсјајот од нивната глава. Настрана шегувањето, оваа фризура ја одбираат мажите кои не се грижат за новите трендови. Исто така, овие момци се многу верни.

4. Патец на средина

8 фризури што го откриваат вистинскиот карактер на мажите

Оваа фризура ја одбираат упорните мажи, кои сакаат да ги остварат своите цели и ништо не може да им застане на патот. Особено ако патецот природно им паѓа на страна. Со оглед на тоа што оваа фризура не бара многу нега, можеме слободно да кажеме дека мажите што ја носат не се многу грижливи.

Продолжете на следната страница за останатите фризури…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар