5 знаци дека премногу размислувате

Во денешно време, нормално е да се биде понекогаш анксиозен. Но, доколку имате навика премногу да размислувате за работите, тоа може да доведе до претерана чувствителност, нервоза и гнев кон светот, со тоа што на крајот ќе се чувствувате поразено и беспомошно. Претераното размислување е слично со анксиозноста, но ако имате проблем со тоа и не преземате ништо, може да прерасне во психичко нарушување со сериозни здравствени последици. Следниве 5 знаци ќе ви помогнат да откриете дали премногу размислувате…

5 знаци дека премногу размислувате

1. Само една негативна мисла може да ве излуди

На одмор сте со вашето друштво и си поминувате одлично. Конечно можете да се опуштите и да се забавувате. Но, само што сте ги затвориле очите на плажа, сте се сетиле на неправедната оценка што сте ја добиле на последниот испит. Кога ваква негативна мисла ќе ви помине низ глава, сѐ е готово. Мозокот ви преминува од една негативна мисла на друга сѐ додека не си ја уништите секоја можност за среќа и релаксација.

2. Нема поголем перфекционист од вас

Животот е прекрасен и возбудлив. Но, животот никогаш нема да може да ви биде совршен, без никакви недостатоци. Тоа е едноставно невозможно. Меѓутоа, оваа помисла е неприфатлива за луѓето кои премногу размислуваат. Тие се големи перфекционисти. Презентацијата на некој голем проект ја сметаат за неуспешна само затоа што еднаш им се сплеткал јазикот. Новиот фустан им ја уништува целата вечер, бидејќи се гужва на незгодно место кога ќе седнат. Го поминувате целиот живот размислувајќи за малите работи кои треба да ги промените за да го направите животот нешто што никогаш нема да биде: Целосно совршен.

3. Се фокусирате на најлошото можно сценарио

Се чувствувате малку мрзливо на работа бидејќи немате доволно енергија и мислите дека тоа веднаш ќе биде забележано поради што ќе ја изгубите работата и потоа партнерот ќе ви раскине бидејќи тој смета дека невработените луѓе се непривлечни и така до недоглед. Време е да престанете. Луѓето кои премногу размислуваат секогаш мислат на најлошото можно сценарио. Трошите време на работи кои никогаш нема да се случат и на тој начин не можете целосно да уживате во малите нешта кои го прават животот убав.

5 знаци дека премногу размислувате

4. Постојано се споредувате со другите

Метафорички гледано, луѓето кои премногу размислуваат не можат да останат во сопствената лента. Тие ќе здогледаат жена во убав фустан и веднаш ќе претпостават дека таа е побогата, поубава и попаметна од нив. Наместо да се фокусирате на тоа да го извлечете најдоброто од себе, вие се опседнувате со потребата да бидете подобри од останатите. А токму тоа е рецептот за отуѓување и незадоволство.

5. Не знаете да прифатите загуба

Нормално дека е потребно време за да се соочите и да ја прифатите загубата, но ако тагувате по пријателот кој заминал или партнерот кој ве напуштил премногу долго време, тоа ќе ви предизвика големи главоболки и ќе ве исцрпи. Мора да научите да преминете преку работите и да ги оставите зад вас. На тој начин ќе можете да го признаете поразот, што значи дека ќе признаете дека не сте совршени и ќе се чувствувате многу послободно.

Доколку се пронајдовте во овие ситуации, постои начин да се справите со претераното размислување. За да го сопрете опсесивниот циклус на негативни мисли кои ви го наоблачуваат животот и не ви дозволуваат да бидете среќни, обидете се да откриете што е она што ви предизвикува стрес. Спиењето нека да биде вашиот приоритет и редовно вежбајте за да се чувствувате одморено и енергично. Не смеете да се обвинувате себеси доколку не успеете веднаш да го спречите претераното размислување. Нормално е да потфрлите неколку пати. Кога ќе се случи такво нешто, дајте си минута за да го прифатите тоа и потоа дозволете си да почнете од почеток.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар