5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

И покрај тоа што БМВ има создадено многу автомобили на кои им се восхитуваме, тие имаат и неколку фантастични модели кои од разни причини се заглавени во фазата на концепт и никогаш не се произведени. И самиот конструктор сака да ги покажува своите одлични идеи на јавноста без да го преземе следниот чекор. Затоа може да се направи следната селекција од неколку модели кои никогаш нема да може некој од нас да ги поседува, од проста причина што нема ни да се произведат.5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

BMW Vision ConnectedDrive

Вакво БМВ веројатно не сте ни сонувале досега, но дизајнерот Адријан фан Хујдонк успеа да ја реализира својата импресивна замисла за автомобил на кој му е вградена последната технологија. Најинтересниот дел на BMW Vision ConnectedDrive е стаклениот дел од хаубата кој овозможува поглед во неговата внатрешност. Дел од иновациите кои се среќаваат кај него веќе може да се сретнат кај некои понови модели.5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

BMW GINA

Овој концепт е изработен од шефот на дизајнерскиот тим Крис Бенгл. Неговата цел не била да создаде дизајн наменет за производство, туку да им даде идеја на останатите дизајнери во која насока треба да се движи нивната работа во иднина. Карактеристиките на GINA веќе се имплементирани во некои модели, но со оглед на тоа колку добро изгледа, од компанијата би можеле да размислат да почнат и него да го произведуваат.5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

BMW 328 Hommage

Прекрасниот BMW 328 Hommage, како што кажува самиот назив, е омаж на едно постаро БМВ кое се натпреварувало на трката „1000 милји“ во периодот од 1927 до 1957 година. Неговиот изглед е просто неверојатен, вистинско дизајнерско чудо во ретро стил.5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

BMW M1 Hommage

Дизајнот на BMW M1 Hommage е инспириран од М–моделите на компанијата. Неверојатно но вистинито, од првиот М–модел, М1, не бил продаден ниту еден примерок поради превисоко поставената цена. Но и покрај тоа, БМВ продолжил да ја форсира таа серија која, за жал, нема да продолжи со производство на овој модел.5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

BMW CS

Секој љубител на автомобили би паднал на изгледот на BMW CS. Тој ги има карактеристичниот стил и агресивност за германскиот конструктор, но колку пари и да имате не можете да го поседувате затоа што никогаш не бил пуштен во производство.5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар