20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

Малите задоволства го прават животот поубав. Ова се 20 пријатни и слатки задоволства спакувани во само еден миг, кои навистина нè прават посреќни.

1-20-zhivotni-zadovolstva-koi-definitivno-se-potceneti-www.kafepauza.mk_

1. Излежување во кревет наутро додека надвор има невреме, а вие немате обврска да станете.

2. Она кога сте имале вода во увото цел ден и во еден момент мало количество топла вода го напушта вашето уво.

3. Кога нешто што ви било заглавено меѓу забите конечно излегува.

4. Оној момент кога го/ја гледате келнерот/ката како се приближува до вашата маса со храната која сте ја нарачале, а вие умирате од глад.

5. Отворање на прозорецот по долгата зима и вдишувањето на сите пролетни мириси – топол ветер, мирис на цветови и на свежо искосена трева.

6. Оној момент кога наутро ќе се разбудите во својата топла постела посакувајќи да продолжите со спиење уште саат-два, а потоа сфаќате дека навистина можете да продолжите со спиење бидејќи немате обврски.

7. Кога конечно ќе завршите голема обврска и товарот од плеќи ќе ви се симне, правејќи да се чувствувате како Супермен.

8.Кога после викенд поминат на море или езеро, одите по голема нужда во вашето купатило.

9. Кога ќе примамите искрена насмевка на нечие лице.

10. Она кога се будите навистина одморени и ви се чини дека имате енергија да го промените светот.

11. Кога лежите, а над вас имате куп тукушто испрана облека која мириса на свежина.

12. Кога оној кого го сакате ќе ве почешка по грбот.

13. Кога песната на радио ќе заврши во истиот момент кога ќе ја изгаснете колата.

14. Кога ќе го слушнете оној звук што вашата правосмукалка го прави кога ќе собере нешто големо од земја.

15. Она кога ќе си легнете на свежо испрани чаршафи.

16. Кога искрено и од срце се смеете толку што ви течат солзи од очите.

17. Првата голтка вода кога ќе се вратите дома по напорен и топол ден.

18. Соблекувањето на тешките чизми за скијање по долг ден минат на планина.

19. Соблекување на водените чорапи и облекување суви и топли.

20. Легнувањето в кревет по долго туширање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар