15 моќни цитати за кариерата кои ќе ви помогнат да ја преживеете неделата

Без разлика колку си ја сакате работата, понекогаш ви е потребна дополнителна мотивација. Може да биде навистина тешко да се мотивирате, особено ако сте имале непријатен момент со шефот, или пак мислите дека вашата кариера стои во место. Овие цитати ќе ви помогнат да го надминете тоа.

15 моќни цитати за кариерата кои ќе ви помогнат да ја преживеете неделата

1. Неудобноста може да биде добро нешто

„Вистината е дека некои од најдобрите моменти се случуваат кога ни е навистина неудобно, кога сме несреќни и неисполнети. Само во овие моменти, водени од неудобноста, најверојатно е да почнеме да бараме разни начини или вистински одговори. “ – М. Скот Пек

2. Бидете свесни за вашето друштво

„Држете се настрана од луѓе кои ги потценуваат вашите амбиции. Малите луѓе секогаш го прават тоа, а одличните прават да се чувствувате дека и вие можете да станете големи.“ – Марк Твен

3. Не чекајте некој да ви го направи патот

„Ако можноста не затропа, направете врата.“ – Милтон Берл

4. Тргнете го стравот настрана

„Премногу од нас не ги живеат своите соништа бидејќи ги живеат своите стравови.“ – Лес Браун

5. Преземајте ризици

„Постои само еден начин да избегнете критики – не правете ништо, не кажувајте ништо и бидете ништо.“ – Елберт Хубард

6. Имајте ги правилните мисли

„Без разлика дали мислите дека можете или не можете, во право сте.“ – Хенри Форд

7. Гледајте се како надминувач

„Не е важно што сте постигнале, туку што сте надминале. Тоа ја дефинира вашата кариера.“ – Карлтон Фиск

8. Најдете работа што ја сакате

„Единствениот начин да направите нешто големо е да го сакате она што го работите. Ако сè уште не сте го пронашле, продолжете да барате. Не се помирувајте.“ – Стив Џобс

9. Нема мали работи

„Однесувајте се како она што го работите да прави разлика. Бидејќи тоа е вистината.“ – Вилијам Џејмс

10. Работете

„Нема скратен пат до местата на кои вреди да стигнете.“ – Беверли Силс

11. Не се откажувајте

„Кога ќе се најдете во тесно и кога сè ќе оди против вас, додека не почне да ви изгледа како да не можете ни минута подолго, не се откажувајте. Токму тоа е местото и времето кога ќе настане пресврт.“ – Хариет Бичер Стоув

12. Верувајте во себе

„Умот вознемируван од сомнеж не може да се фокусира на победа.“ – Артур Голден

13. Дозволете си да правите грешки

„Обидувањето да направите сè и да го направите правилно е рецепт за разочарување. Совршеноста е непријателот.“ – Шерил Сендберг

14. Проширете ги вашите способности

„Вашата кариера е како градина. Може да има животна енергија која има награда за вас. Не треба да растете само едно нешто во градината. Не треба да направите само едно нешто во кариерата.“ – Џенифер Ричи Пајет

15. Имајте живот

„Не жалете се премногу за вашата кариера. Немате кариера. Вие имате живот.“ – Шерил Стрејд

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар